НОВ ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТУНЕЛИ: Фирми со двајца и еден вработен ќе си поделат 29,5 милиони денари
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 08:16
Поделена на три договори, набавката вредна 29,5 милиони денари за одржување на тунелите си ја поделија две фирми. Едната, постара, ќе го земе помалиот дел од колачот. Поновата пак, добива два од трите договори.
Едниот и општ договор за „Одржување на тунелски сензори“ оди кај „Дин Системи“ од Скопје, фирма основана во 2006 година. Со Јавното претпријатие за Државни патишта првпат има склучено договор лани, за истата работа. Тогаш, договорот бил склучен за 7.080.000 денари, а годинава, тој вреди 9.440.000 денари.
Но, оваа фирма од 2023 година почнала да добива државни тендери, од Собранието. Во март 2023 година, дала најниска понуда на тендерот на Собранието за одржување на системот кој одбројува колку време зборуваат пратениците. Во октомври истата година, ја добила и набавката за конференциска опрема за конференциските сали во Собранието. Годинава пак, повторно го добила тендерот за одржување на системот за одбројување на дискусиите во Законодавниот дом.

Оваа фирма која паралелно ќе ги одржува тунелските сензори и системот за одбројување колку зборуваат пратениците според последните податоци има двајца вработени, колку што има и сопственици. Низ годините имала различни суми приходи, и заработки до максимум 1.000 евра. Па така, во 2022 година, имала 4 милиони денари приходи, а добивка од 63 илјади денари. Во 2023 година, приходите се намалиле на 3.330.000 денари, но се намалиле и расходите, па останала добивка од 20.000 денари. Лани пак, фирмата „свртела“ речиси 6 милиони денари, а останала добивка од 57 илјади денари.

Втората фирма која добива поголем дел од колачот, буквално го носи името како и набавката, само на англиски јазик. Се вика „Роудс анд танелс контрол системс“, а основана е во 2020 година. Според финансиските резултати, почнува да работи посериозно во 2023 година, кога и првпат добива тендер од „Државни патишта“.

Оваа фирма досега има добиено 6 државни тендери - сите од ЈПДП и сите за истото: „Одржување на тунелски системи и опрема“. Сумите се различни, според потребите кои ги имало претпријатието, но годинава, за одржувањето добила три тендери. Првиот, од 3.894.000 денари во април, а останатите два се склучени вчера, со суми од 9.440.000 и 4.130.000 денари, или вкупно 13.530.000 денари. Со договорот со поголема сума, задолжена е да ги одржува системите за управување на сообраќај во тунели Демир капија, а со вториот, со пониска сума, одржување на радио комуникациски системи во истите тунели.
Според последните бројки, фирмата има еден вработен. Во 2022 година, имала 30.000 денари приходи и 2.000 денари расходи. Во 2023 година, кога и почнува да добива тендери, сумата скокнува нагло: 14.631.000 денари приходи и 487.000 денари добивка. Лани пак, се зголемиле приходите на 18.136.000 денари, но се зголемиле и расходите, па фирмата останала со добивка од 31.000 денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас
Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат
Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе
Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов




