27 Јули, 2024
0.1641

НОВ ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТ НА ПАЗАРОТ: Зелени обврзници за инвестициски проекти, еве колкава ќе биде каматата

Објавено во: Финансии 27 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии денеска го објави Проспeктот за првата емисија зелени обврзници. Ова е втор инструмент кој годинава го лансира Министерството за финансии на домашниот пазар на капитал, со цел збогатување на понудата на финансиски производи и поттикње на конкуренција.

- Зелените обврзници се хартии од вредност кои ќе се користат за инвестициски проекти за зелен развој. Односно тие се наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштита на животната средина и финансирање еколошки проекти. Тој, како и претходно воведената граѓанска обврзница, е нов производ на домашниот пазар и е согласно Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност, Стратегијата за управување со јавниот долг и Планот за забрзан економски раст - посочуваат од Министерството за финансии.

Првата емисија на оваа зелена обврзница е во износ од 10 милиони евра, аукцијата ќе се одржи на 3 октомври 2023 година. Граѓаните и правните лица кои се заинтересирани да учествуваат на аукцијата може да поднесат барање за учество преку банките. Зелената обврзница нуди каматна стапка од 4,75 проценти годишно. 

Зелените обврзници од оваа емисија се со рок на доспевање од две години, односно ќе доспее на 5 октомври 2025 година. Каматата ќе биде исплатена на 5 октомври 2024 година за првата година и на 5 октомври 2025 година за втората година, заедно со главницата. 

- Целта на воведување на овој инструмент е развивање на пазарот на капитал во земјата, како и инвестициската активност која ќе придонесе за забрзување на економскиот раст. Целта на зелената обврзница, како и на другите инструменти предвидени со Планот за забрзан економски раст, а кој се базира на принципот на Јункеровиот план, е покрај јавниот да се мобилизира и приватниот капитал, и тој да се стави во функција на економскиот раст. Тие се еден од предвидените нови механизми, инструменти, фонодви и извори на финансирање, а со цел да се создаде мултипликативен ефект и да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор, покрај јавниот сектор - рече министерот Бесими.

Според министерот, инвестицијата во овој нов инструмент е инвестиција во развојот и поддршка на зелените инвестиции планирани со буџетот. „Со инвестирање, односно купување зелена обврзница, се поддржува директно развојната компонента во Буџетот, односно зелени инвестиции, насочени кон заштита на животната средина. Во Буџетот оваа година е планиран историски највисок износ на капитални расходи и е согласно златното правило во јавните финансии, односно нивниот износ е повисок од буџетскиот дефицит. Тоа значи дека сите средства обезбедени меѓу другото и преку овој инструмент ќе бидат насочени за капитални проекти со карактеристика на зелена инвестиција“, посочува министерот Бесими.

Средствата од оваа аукција ќе бидат насочени кон воспоставениот Фонд за енергетска ефикасност во рамки на Развојната банка, од каде на компаниите ќе им се нудат поволни средства за реализација на проекти кои значат заштита на животната средина.

Зелената обврзница на пазарот на хартии од вредност доаѓа по успешното воведување на граѓанската обврзница, за која беше објавена првата емисија во текот на јули 2023 година и на која беше пројавен интерес два и пол пати поголем од објавениот износ на проспектот на обврзницата.

Согласно Стратегијата за развој на пазарот на капитал и Планот за забрзан економски раст покрај овие два инструмента, на пазарот во наредниот период ќе бидат понудени и проекти обврзници и развојни обврзници, кои се насочени кон разојни проекти и проекти поврзани со инфраструктурата. Дополнително, по издавање на зелената обврзница ќе се издаде и втората граѓанска обврзница.

Граѓаните и правните лица заинтересирани за учество на аукцијата и запишување на зелени обврзници може да поднесат барање заклучно до понеделник, 2 октомври 2023 година.

Можеби ќе ве интересира

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија