Добивај вести на Viber
На 6-иот состанок на Надзорниот одбор на АД ОХИС, се донесе одлука за избор на членови и именување на претседател на Управниот одбор на АД ОХИС. Нов претсдател на Управниот одбор е Леко Ристовски, кој воедно е и генерален директор, а членови се Илија Илијовски, Тони Јакимовски и Тони Димитриоски.
Сите гореспоменати членови на Управниот одбор на АД ОХИС се упишани во Централниот Регистар на РМ, известо компанијата.
Компанијата ОХИС со години се наоѓа во исклучително тешка финансиска состојба, платите доцнат, вработените протестираат, а ниту еден тендер за продажба досега не беше успешен. Се очекува новото раководство да најде модел за излез од таквата состојба.