05 Декември, 2025
0.0693

Нов раст на долгот на централната Влада, стаса до 33,9% БДП

Објавено во: Финансии 03 Мај, 2013 08:23

Добивај вести на Viber

Мартовски раст на јавниот долг на Централната Влада. Според најновите податоци што ги објави Министеството за финасии, заклучно со првиот квартал од оваа година долгот на Централната Влада достигна 33,9% од Бруто Домашниот Производ или 2 милијарди и 703 милиони евра. Анализата на трендот на движење покажува дека во првите три месеци од годинава (прв квартал) во споредба со крајот на 2012 та година салдото на овој долг се зголемило за речиси 160 милиони евра. Заклучно со март, зголемување на долговите има и кон странство и на домашен терен. Надворешната задолженост изнесува 1 милијарда 673 милиони евра додека внатрешното задолжување на Владата достигна 1 милијарда и 29 милиони евра.  Само по основ на државни хартии од вредност (записи и обврзници), Владата должи 906 милиони евра на приватниот сектор, јавните претпријатија и банките. Јавниот Долг на Централната Влада со стапка од 33,9% од БДП претставува највисоко измерено ниво од 2005 та година,кога тој изнесуваше 38,4 отсто. По раздолжувањето на Македонија кон странските кредитори (ММФ и Лондонскиот Клуб на Доверители) во 2008 та година јавниот долг се намали на 20,6% но оттогаш до сега, тој е во постојан пораст. Дел од академската јавност, како и поранешниот гувернер на Народната Банка Петар Гошев во континуитет укажуваат дека податоците за јавниот долг на Централната Влада целосно не ја отсликуваат состојбата за вкупната задоженост на земјата, бидејќи со сегашната методологија не се опфатени задолжувањата на општините и на државните претпријатија и фирми. При последната посета на мисијата на ММФ во Македонија, шефицата Ивана Владкова Холар укажа дека Владата мора да увои Стратегија за управување со јавниот долг, документ кој е значаен за транспарентноста на задолжувањата како и за проекциите и плановите за нивна отплата. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката