15 Јануари, 2025
0.0278

Нов сет мерки за невработени: Предизборна фарса или реална борба со невработеноста?

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Со повеќе од еден милион евра Владата ќе ги  субвенционира работодавачите за да вработуваат деца без родители, социјално ранливите групи и оние кои ќе се обучат кај познат работодавач. Денеска беше најавен новиот пакет од 4 мерки за вработување со кои треба да се опфатат 1.540 невработени лица. Како што појасни министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, парите ќе се трошат за субвенционирање на вработување, субвенционирање на вработување на деца без родители, обука кај познат работодавач и обука кај познат работодавач со субвенционирање. „Со мерката субвенционирање на вработување планирано е да се опфатат 500 невработени лица, од кои до 80 лица од ранливите групи кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот за кои во период од шест месеци ќе се обезбедуваат средства во износ од 13.000 денари месечно, а за ранливите групи како жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, самохрани родители износот кој ќе се исплаќа изнесува 17.000 денари месечно. По 3.000 денари ќе се исплаќаат кај работодавачот како партиципација за трошоците. За реализација на оваа мерка се предвидени околу 50 милиони денари“, истакна Ристовски. Овој огласот важи до следниот петок. Предизборна фарса или реална борба со невработеноста? Министерот Ристовски, во соработка со директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски  и министерот за образование Панче Кралев, месецов имаа чести појавувања во јавноста и промовирање на нови проекти за намалување на невработеноста. Притоа  за 930 лица беше отворена можност за почнување сопствен бизнис преку Програмата за самовработување, за која пред две седмици оглас објави оглас Агенцијата за вработување. Според проектот лицата што аплицирале за почнување бизнис добиваат од државата  3 000 евра како неповратни средства за набавка на опрема и репроматеријали и 16.897 денари за основни обуки за водење бизнис и регистрација . Нема ограничувања за кои сектори и области може да биде наменета бизнис идејата. Пред десетина дена исто така беше промовиран и Акцискиот план за вработување на младите до 2015 година, кој вклучува нов сет мерки за вработување на млади од 15 до 29 годишна возраст. Со Планот за кој ќе запотрошат 27 милиони евра , дел од Буџетот, дел од ИПА-фондовите на ЕУ,  се предвидува околу илјада млади со завршено средно или високо образование да бидат вклучени три месеци во програмите за практиканство, а 500 млади да бидат обучени за почнување сопствен бизнис. Исто така се предвидува и тестирање на сите полуматуранти кое би траело од март до мај за нивно навремено кариерно насочување, како и пилот-тестирање во неколку средни училишта.  

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања