Нов сој на коронавирус се појави во Јапонија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Март, 2021
Нов и досега непознат сој на Ковид -19 e откриен во Јапонија. Досега има само еден ваков случај. Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на коронавирус, oбјави денеска Министерството за здравство на Јапонија.
Досега непознатиот вид на коронавирус се разликува од сојот пронајден во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, но се верува дека ја претставува истата закана како онаа на досегашните три многу заразни видови на Ковид-19. Според Министерството за здравство, човекот има над 60 години и пристигнал на аеродромот Нарита во близина на Токио на 25 февруари, а станува збор за асимптоматски случај. Тој бил позитивен на тестот кога го поминувал карантинот на аеродромот. Националниот институт за инфективни болести повика на посилна контрола на границите во обид да се запре ширењето на вирусот. Во Јапонија досега над 8.400 луѓе починаа од коронавирусот. Пандемијата е прогласена во светот пред една година. Во светот се потврдени над 118 милиони случаи на Ковид -19. Повеќе мутации на вирусот се шират во светот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.