Нов вид на протести во Бугарија во костими за капење
Објавено во: Балкан 31 Јули, 2013
За да го искажат противењето за заминувањето на одмор на бугарските парламентарци на одмор, демонстрантите кои веќе 48 дена се собираат во бугарската престолнина Софија, денес пред зградата на парламентот се појавија во костими за капење, јави дописникот на агенцијата Анадолија.
Бугарските демонстранти се собраа пред зградата на парламентот, облечени како за на плажа, за да го искажат противењето на плановите за одмор на бугарските парламентарци, кои по помалку од еден месец работа, се подготвуваат за 32-дневен одмор.
Демонстрантите во текот на протестот извикуваа „мафија„ , „расипници„, „оставка„, осудувајќи го заминувањето на парламентарците на одмор, и покрај економската социјална криза.
Демонстрантите го затворија влезот во зградата на парламентот, а пред зградата поставија базен, со што просторот пред парламентот го претворија во плажа. Во текот на протестите демонстрантите со пароли го повикуваа и заменик претседателот на парламентот Маја Манолова, да им се придружи во капењето.
Еден од демонстрантите, кој носеше транспарент со натпис „пратеници без срам“, во изјава за Анадолија, рече дека денешниот протест пред најважната државна зграда, во однос на тоа „како се работи внатре“, не е срамен.