14 Мај, 2024
0.0253

НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА: Како догодина ќе се финансира кусокот во буџетот?

Објавено во: Финансии 28 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Во 2016 година Владата планира да потроши близу 3,2 милијарди евра. Но, во касата ќе може да собере близу 2,9 милијарди евра. За трошење ќе и недостасуваат близу 309 милиони евра, односно, буџетскиот дефицит за следната година е планиран на 3,2% од БДП. „Вака планираните приходи и расходи обезбедуваат етапна консолидација на јавните финансии, односно намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 3,2% од БДП или во износ од 18.984 милиони денари. Ова ниво на дефицит е согласно определбата за постепено намалување на јавната потрошувачка, со истовремено обезбедување на значителен износ на капитални инвестиции кои ќе имаат соодветен придонес за повисоки стапки на економски раст. Планираните расходи за 2016 година обезбедуваат поддршка на домашната економија и животниот стандард, која ќе се реализира преку капитални инвестиции, субвенции, пензии и социјалните надоместоци, е наведено во предлог Буџетот за 2016 година За финансирање на буџетскиот дефицит владата планира догодина да издаде нова еврообврзница. „Финансиските средства за проектираниот дефицит за 2016 и отплатата на долговите ќе се обезбедат преку задолжување во странство со издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност и со повлекување на средства од поволни кредити од меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност преку издавање на државни обврзници со подолги рочности“, стои во предог Буџетот за следната година. За пензии 791 милиои евра, за плати 421 милиони евра По основ на даноци државата следната година планира да прибере 1,65 милијарди евра, додека годинава е планирано да прибере 1,55 милијарди евра, што е за 100 милионни евра повеќе. Државата од придонеси планира да прибере 800 милиони евра, а за годинава е планирано да се приберат 767,3 милиони евра, што е 32,7 милиони евра повеќе. По основ на неданочни приходи (административни такси, концесии и други неданочни приходи) за следната година планиирани се 291 милиони евра, додека за годинава планирани се 267,2 милиони евра, што е за 23,8 милиони евра повеќе. Во однос на расходната страна, за социјални трансфери планирани се 1,42 милијарди евра, а за годинава биле планирани 1,35 милијарди евра.Односно има зголемување за 76,2 милиони евра. „За следната година 791,2 милиони евра се наменети за исплата на пензии и во истите е предвидено зголемување на пензиите за 5% во просек почнувајќи од септемвриската пензија, со исплата во октомври 2016 година. За исплата на паричен надоместок во случај на невработеност за невработените лица планирани се средства во износ од 19,3 милиони евра, а за спроведување на активните политики и мерки за вработување планирани се 5,3 милиони евра. За здравствена заштита се планирани средства во износ од 406,2 милиони евра. За социјална помош се предвидени 126,3 милиони евра, и во нив се е реализирано зголемувањето за 5% на социјалната помош почнувајќи од јуни, со исплата во јули 2016 година, е наведено во предлог Буџетот за следната година. Следната година владата за плати планира да потроши 421,2 милиони евра, додека за годинава планирани се 407,8 милиони евра. Тоа е зголемување за 13,4 милиони евра. За капитални расходи за следната година планирани се 408 милиони евра, додека за годинава планирани се361,5 милиони евра. За стоки и услуги планирани се 321,4 милиони евра, речиси исто колку и за годинава за кога се планирани 321,3 милиони евра. Државата за трансфери до единиците на локалната самоуправа планира да потроши 272,7 милиони евра, додека за годинава планирани се 265,7 милиони евра. За субвенции и трансфери за догодина планирани се 237,8 милиони евра, а годинава 227,8 милиони евра. Или 10 милиони евра повеќе. Македонија должи 3,9 милијарди евра Државниот долг на Република Македонија на 30 јуни годинава изнесува 3.238,5 милиони евра, односно 36,1% од БДП, додека јавниот долг во истиот период изнесува 3.923,8 милиони евра, односно 43,7% од БДП. „Како резултат на прудентна фискална политика во изминатите години, Република Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја. 10 Одржувањето на умерено ниво на дефицит, во услови кога значителни средства се наменети за инфраструктурни инвестиции и обезбедување на адекватно ниво на социјална заштита, позитивно ќе влијае во насока на забрзување на економскиот раст и одржување на стабилна фискална позиција, пишува владата во предлог Буџетот за 2016 година. Економијата се предвидува да има раст од 4%. Еве каква динамика на раст се предвидува во сите сектори. Сектори што ќе имаат раст · Градежништвото 5,6% (како резултат на реализацијата на планираните инфраструктурни проекти и најавените инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони.. · Индустријата 3,8% · Услужниот сектор 3,6%, · земјоделството 2% · извозот на стоки и услуги 8,1% ( главно како резултат на очекувањата за активноста на извозните капацитети на странските компании, во услови на постепен раст на надворешната побарувачка. · Увозот 6,8% · Бруто инвестициите 7,5% · Приватната потрошувачка 2,7% (главно како резултат на очекуваниот раст на бројот на вработени) · Јавната потрошувачка 1,3% · Стапката на инфлација 2,0%, · Бројот на вработени 2,4%, (како резултат на очекуваните инвестиции на странските компании во слободните економски зони, активните мерки и програми за вработување, како и реализацијата на инфраструктурните проекти на јавниот сектор, што ќе придонесе за дополнително намалување на стапката на невработеност.)

Можеби ќе ве интересира

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута