05 Декември, 2025
0.1003

ФИСКАЛНА СТРАТЕГИЈА: Демнат ризици од Европа, ќе расте, градежништвото, долгот и инвестициите!

Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2014 08:58

Добивај вести на Viber

Јавниот долг ќе расте, но со умерено темпо. Во 2017-та година нивото на Јавниот долг ќе достигне 50% од БДП. Буџетскиот дефицит ќе се финансира преку домашни и странски задолжувања, не е исклучено да се издаде и нова eврообврзница. Во следните неколку години се очекува натамошен раст на економијата кој ќе услови заголемување на вработеноста и подобрување на животниот стандард. Ова се дел од прогнозите и оценките во новата “Фискална стратегија 2015-2017 година“ што ја објави Министерството за финансии? На што се темелат овие очекувања? Ќе растат долговите во евра... За разлика од претходно утврдените граници за движење на нивото на Јавниот долг до максимални 40% од БДП, со новата Фискална стратегија овие граници се поместуваат до максимални 60% од БДП. Според Владата, задолженоста и натаму ќе расте, но со умерено темпо, а земјата ќе остане во зона на ниска задолженост. “Движењето на јавниот долг, кој го вклучува државниот долг и гарантираниот долг, ќе се задржи во проектираните рамки, односно ќе има умерен раст кој нема да ја загрози одржливоста на јавните финансии, па оттука се очекува јавниот долг да не надмине ниво од 60% од БДП на среден и долг рок“ - пишува во Фискалната стратегија. Податоците покажуваат дека во 2017 та година долгот ќе достигне 50% од БДП. Еве како ќе се движи темпото на раст на долговите: 2015 та 45,6% ОД БДП 2016 та 48,2% ОД БДП 2017 та 50,0% ОД БДП Спорeд планот на Владата, заложбата ќе биде насочена да се задржи учеството на долгот во евра во структура на портфолиото на долгот во странска валута, односно долгот во евра да не биде под ниво од 70%. Со Фискaлната стратегија се најавува натамошен тренд на засилено задолжување на домашниот пазар и тоа главно преку долгорочни хартии од вредност. Посебен акцент ќе се стави на продолжување на рочноста на постојното портфолио на државни хартии од вредност преку издавање на подолгорочни хартии од вредност, односно преку издавање на две, три, пет, седум и десет годишни државни обврзници. Особен интерес за вложување во долгорочните хартии од вредност се очекува од пензиските друштва, како и од комерцијалните банки и осигурителните компании“, се вели во Фискалната Стратегија. Не се исклучуваат и нови инструменти на пазарот на продажба на државни хартии од вредност. “Во насока на унапредување и понатамошен развој на пазарот на државни хартии од вредност, ќе се продолжи со активностите за проширување на базата на инвеститори преку разгледување на можноста за воведување на нови финансиски инструменти адекватни на потребите на пазарните учесници, спроведување на маркетинг кампања пред различни целни групи на инвеститори и одржување на редовен дијалог со сите учесници на пазарот на државни хартии од вредност.“ - оценува Министерството за финансии. Според она што го пишува во документот а во однос на странските задолжувања не е исклучено издавање на нова Еврообрзница преку која ќе се финансира буџетскиот дефицит, односно потребите за буџетските трошења. Економски раст и ризици .... Според проекциите и оценките во Фискaлната стратегија, во следните неколку години ќе продолжи темпото на економски раст, пришто просечната стапка на раст на БДП ќе изнесува 4,2%. “Во периодот 2015-2017 година се очекува растот на економската активност во Република Македонија да изнесува 4,2% во просек, со изгледи за одредено интензивирање на растот. Така, во 2015 година економскиот раст се очекува да изнесува 4%, во 2016 година 4,2% и во 2017 година 4,5%.“ - се вели во Фискалната стратегија. Според анализите, индустриското производство ќе продолжи да расте со просечна стапка од 4,8%. Раст се очекува во речси сите сектори. “Градежништвото во набљудуваниот период се очекува да оствари просечна реална стапка на раст од 7,8%, како резултат на планираните инфраструктурни проекти и најавените инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони. Услужниот сектор, кој има најголемо учество во создавањето на БДП, се очекува да забележи просечна реална стапка на раст од 3,6% во анализираниот период, додека земјоделството раст од 2,3%“ - се посочува во стратегијата. Бруто инвестициите во анализираниот период се очекува да пораснат во просек за 8,1%, личната потрошувачка за 3,6% а јавната потрошувачка ќе има просечен раст од 1,3%. Според Владата, фискалната политика, ќе биде дизајнирана во функција на одржување на макроекономската стабилност и поттикнување на економскиот раст како основни услови за зголемување на вработеноста и унапредување на животниот стандард. “Вака дефинираните цели на фискалната политика подразбираат натамошна строга контрола на јавните финансии, континуирано подобрување на квалитетот на јавните расходи и значително учество на капиталните инвестиции во вкупните расходи.“ - се заклучува во документот. Најголемиот ризик кој може да влијае врз ова економско сценариo доаѓа од надвор. “Остварувањето на ризиците за полоши економски остварувања во ЕУ и другите трговски партнери на земјата може да ги влоши изгледите за растот на економската активност во Република Македонија. Евентуалното пролонгирање на европската должничка криза и послабата динамика на раст на економската активност може неповолно да се одрази врз извозот и индустриското производство, воздржување на инвеститорите и понизок прилив на капитал во земјата.“ - се констатира во Фискалната Стратегија. Просечната стапка на раст на бројот на вработени, на годишно ниво се очекува да биде 3% што треба да резултира со намалување на невработеноста за 2,7%.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката