Нова инвестиција на БРАКО за подобрување на производството во фабриката
Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2022 13:19
Велешката фабрика БРАКО инвестира 250 илјади евра за целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ.
Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се намали вкупното време потребно за добивање на финален производ, на тој начин што ќе се скрати времето на изведување на работите, ќе се намалат трошоците за транспорт на материјали низ фабриката, ќе се зголеми ефикасноста и БРАКО ќедобие поголема конкурентност во времето на изработка и испорака на крајниот производ до купувачот.

Комплексот „Нова фарбара“ ќе обединува седум инфраструктурни единици кои досега беа распоредени на различни локации низ фабриката и во кои 80 високо квалификувани и обучени лица ќе работат на рачно и автоматско фарбање, информира Никола Неделковски, менаџер за површинска заштита кој е одговорен за овој дел од производството.

БРАКО и „Феро Инвест“ и во услови на криза ја зголемуваат својата предност на пазарите, преку редовно инвестирање во производниот процес со кое се оптимизира работењето и се максимизираат можностите за производство.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




