16 Декември, 2025
0.0597

Нова наградна игра на ЕВН Македонија

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2016 16:24

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија повторно одлучи да ја демонстрира својата посветеност и одговорност кон лојалните корисници.

Од понеделник почнува наградната игра „Награди за штедлив дом”  со која ќе се поттикнат, мотивираат и наградат корисниците, ќе се промовираат позитивни промени и унапредување на добрите практики и активности во однос на домот и заштедата на енергија.

Ова е првата наградна игра организирана на територија на Македонија во која учествуваат и оние кои не се пријавиле, ниту купиле нешто како услов за учество, туку едноставно сите регистрирани корисници од базата на ЕВН, што ги ажурирале своите податоци се учесници во наградната игра.

logo na emisija

Во наградната игра „Награди за штедлив дом”  која ќе се емитува во рамките на емисијата “На гости кај“, право на учество имаат потрошувачи од категоријата Домаќинства и Мали бизнис корисници, кои имаат доставено лични податоци, т.е. име и презиме, адреса и матичен број до ЕВН Македонија.

Сите корисници имаат можност да добијат вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари од Нептун Македонија, наменет за купување на апарати за домаќинство или сет  за енергетска ефикасност во вредност од 1.923 денари, составен од мерач за електрична енергија, тајмер и електронска метеоролошка станица. Во 12-те кола ќе бидат извлечени по 24 награди.

Емисијата „На гости кај“ освен што ќе ги наградува и ќе ги инспирира гледачите на позитивни практики за менаџирање на домот, преку разговори со лица од јавниот живот, гостувајќи во нивните домови или работни простории. Извлекувањето на наградите ќе се врши по електронски пат, по случаен избор, а водител на емисијате ќе биде Зорица Црношија.

„На гости кај“ ке се емитува секој понеделник во 20.15 на МТВ1 и во вторник на ТВ АлСатM во 23:00.

Сите корисници на ЕВН Македонија кои не ги ажурирале досега своите податоци, тоа може да го направат на повеќе начини; со пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен во кој било наплатен пункт или КЕЦ (Кориснички енерго-центар) на ЕВН Македонија или со пополнување на формуларот кој ќе го добијат со фактурата за електрична енергија од ЕВН.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“