19 Декември, 2025
0.0482

Нова услуга на Македонски Телеком MaxTV GO

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2016 13:31

Добивај вести на Viber

Најдобрата интерактивна телевизија MaxTV отсега достапна од кој било уред.

MaxTV GO нуди комплетно ново ТВ искуство на смартфон, таблет или компјутер.

Услугата е наменета за корисниците на Magenta 1 и Magenta 1 Business пакети.

Македонски Телеком воведе нова услуга MaxTV GO со која на своите Magenta 1 корисници  им овозможува да ја гледаат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV од кој било уред,  каде и да се. Со новата услуга, сите љубители на спортот ќе можат да ги следат  напреварите на Европското првенство преку смартфон и таблет со MaxTV GO мобилната  апликација (достапна на Google Play Storeи Apple Store), или пак преку компјутер на  www.maxtvgo.mk.

MaxTV GO нуди богата ТВ содржина, односно до 60 национални и странски тв канали, како и ексклузивните Арена спортски канали во висока резолуција (HD). Дополнително, новата  услуга ги вклучува сите напредни функционалности на интерактивна телевизија како што се  паузирање, премотување и враќање на програмата на почеток за одредени тв канали, потоа  преглед на содржини од последните 3 дена за одредени тв канали, електронски програмски  води, како и потсетници за омилените содржини.

Услугата MaxTV GO е наменета само за корисниците на Magenta 1 и Magenta 1 Business. Во  промотивниот период до 01.09.2016 година MaxTV GO е достапна бесплатно, со сите  напредни функционалности и со вклучен сообраќај од 10 GB за следење MaxTV преку  смартфон.

Повеќе информации за MaxTV GO услугата може да се добијат на веб страницата на  Македонски Телеком.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција