Нова верзија на коронавирусот се шири во Јужна Африка
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Декември, 2020
Започна вториот бран на коронавирусот во Јужна Африка, каде има нова верзија на вирусот. Ова се случува само неколку дена откако Велика Британија информираше дека открила нов подвид на Ковид-19.
Британските медиуми пренесуваат дека се собрани доволно докази што силно сугерираат дека овој вид го предизвикува вториот бран од пандемијата во неговата земја. Во Јужна Африка досега се пријавени повеќе од 900.000 инфекции со Ковид-19 и 24.000 починати. Во последните неколку дена во земјата има по околу 10.000 нови инфекции дневно. JЈужна Африка е на 18-то место во светот по бројот на заразени. На африканскиот континент малку подоцна се појави вирусот, кој прво се појави во Кина, а потоа се ширеше во светот. Во Европа тој брзо зема замав.
Допрва ќе се испитува како вирусот се појави во кинескиот град Вухан.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.