18 Декември, 2025
0.0429

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10 отсто за инвестиции во одржливи решенија

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2024 09:34

Добивај вести на Viber

Во заедничките напори да поттикнат одржливи деловни практики, ПроКредит Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша нова Кредитна линија зa финансирање во зелена енергија (ГФФ Македонија)прилагодена за малите и средни претпријатија.

Се работи за кредитна линија од 3.5 милиони евра наменети за финансирање на бизнис инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Кредитната линија е наменета за приватните компании, како и трговците поединци, кои сакаат да ја зголемат конкурентноста на својот бизнис преку инвестирање во т.н. “зелена” опрема која ќе им обезбеди долгорочна ефикасност и ќе им помогне во намалување на трошоците.

Заложбата на ПроКредит Банка е токму зајакнувањето на овие компаниичија визија е одржливо работење. Преку оваа кредитна линија, компаниите сега имаат пристап до финансиските ресурси неопходни за реализација на нивните одржливи решенија преку стимулација со поврат на средства до 5% за инвестициите за енергетска ефикасност и до 10% за инвестиции за обновливи извори на енергија, или пак за инвестиции кои се комбинација од истите.

„Во рамки на оваа иницијатива се нуди сеопфатен пакет на техничка помош и услуги. Од помош при разбирање на сложеноста на зелените технологии до имплементирање на одржливи решенија, бизнисите имаат можност да ја добијат поддршката што им е потребна за да напредуваат во својот одржлив развој.

Со овие услови сигурни сме дека не само што ја поттикнуваме финансиската одржливост, туку и ја нагласуваме важноста од колективните напори кон позелена, поодржлива иднина“- изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

“Со GFF кредитната линија, ги охрабруваме претпријатијата преку деловните банки да вложуваат во енергетски ефикасни технологии и обновливи извори на енергија, да инвестираат во соларни панели, системи за греење и ладење со ниска потрошувачка на енергија, и други иновации кои можат значително да ги намалат оперативните трошоци и да го подобрат еколошкиот отпечаток на бизнисите врз животната средина.

Оваа иницијатива има за цел да го поддржи одржливиот економски развој и да ја намали зависноста од традиционалните извори на енергија, истовремено зголемувајќи ја конкурентноста на локалните претпријатија и нивната еколошка свест што ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот во земјата.” – велат од тимот на ГФФ Македонија.

Веќе 20 години ПроКредит Банка работи водена од визијата за одговорно банкарство, позиционирајќи се како пример за одговорност со одржливи банкарски практики и посветеност кон животната средина. Препознатлива е на пазарот за финансирање на т.н. “зелени кредити”, кои сочинуваат 20% од нејзиното кредитно портфолио. Овој процент на зелени кредити ја издвојува како лидер во банкарскиот сектор, поттикнувајќи култура на иновации и финансирање проекти со позитивно влијание врз околината.

Програмата Green Finance Facility (GFF Macedonia) се спроведува преку ЕБОР, а е финансирана од Владата на Република Северна Македонија и Joint SDG Fund, преку Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Сите информации и поволности за Кредитната линија за финансирање во зелена енергија на ПроКредит Банка се достапни тука

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?