16 Јануари, 2025
0.0252

Нови 100 милиони евра кредит за стопанството

Објавено во: Економија 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Нови 100 милиони евра кредит со каматна стапка од 5,5 проценти планира да обезбеди Владата за поддршка на стопанството. Како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Европската инвестициска банка е веќе контактирана и има добри шанси да го одобри заемот. Средствата, напомена Ставрески, ќе бидат наменети за малите и средните претпријатија. Министерот на бизнисмените од Куманово со кои се сретна претпладнево, им порача поактивно да ја користат евтината кредитна линија од Европската банка со камата од 5,5 проценти. – Засега 50 милиони евра од 100-те милиони што се на располагање се искористени од страна на малите и средните претпријатија, a идната недела уште 12 милиони евра ќе бидат искористени од 50-ина фирми. Кумановските компании се добредојдени да се обратат во Македонската банка за поддршка на развојот и да искористат дел од овие средства бидејќи нема поповолни средства на пазарот од овие со 5,5 проценти каматна стапка што ја субвенционира Владата, истакна Ставрески. Во текот на разговорите со стопанствениците станало збор за можностите Владата да го помогне натамошниот економски развој на Куманово и да реализира заеднички политики со локалната самоуправа во оваа насока. – Стопанствениците искажаа задоволство од досегашната политика на Владата во делот на одржувањето најниски даноци во Европа, во делот на намалувањето на бирократијата, во делот на финансиската поддршка преку евтини кредитни линии, посочи министерот. На локално ниво, додаде, приоритетно е довршувањето на постоечките индустриски зони, доуредувањето од аспект на инфраструктурата, како и градење нова индустриска зона со цел забрзување на економскиот развој на општината за што Владата ќе обезбеди финансиска поддршка. – Владата ќе ја поддржува општината за да се забрза изградбата на индустриски зони бидејќи тоа е иднината на Куманово и на сите градови во Македонија и тоа е политиката на Владата, секаде, во секој град да има по 2-3 индустриски зони во кои мали фирми со по 10, 20 вработени ќе просперираат, ќе работат успешно и ќе имаат услови за работа, а тоа пак ќе помогне во создавањето работни места, нагласи Ставрески.  

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања