17 Декември, 2025
0.0620

Нови 185 имигранти уапсени на Унгарската граница, во најголем дел од Косово

Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2015 14:37

Добивај вести на Viber

Унгарската полиција објави дека е започната постапка против 174 лица од Косово и уште 52 илегални имигранти од неколку држави.

На територијата на унгарскиот пограничен регион Чонград уапсени се нови 185 лица за илегален премин на границата, во најголем дел од Косово, потврди унгарската полиција,

Унгарската полиција објави дека е започната постапка против 174 лица од Косово и уште 52 илегални имигранти од неколку држави, што се уапсени во периодот меѓу 13 и 15 февруари на територија на Унгарија.

Најголемата група е уапсена во близина на селото Морахалом, во која биле 52 лица од Косово, Авганистан и Сирија, што илегално ја минале „зелената граница“.

Имигрантите се уапсени во вкупно 41 група, што се забележни во илегален престој во Унгарија, а меѓу нив се и 25 деца. Сите побарале азил и се предадени во надлежност на имиграциските служби, соопшти полицијата. Во изминатите 72 часа унгарската полиција уапси за илегален премин на границата 1.298 лица. Против 14 лица се покренати кривични постапки за шверц на луѓе, а против седум за фалсификување документи. Деновиве полицијата на Унгарија и Србија договорија зголемен надзор на границата со цел да се спречи илегален премин на мигранти од Косово. Истовремено, ЕК ги повика косовските власти итно да преземат мерки за спречување на бранот имигранти од Косово кон ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата