19 Декември, 2025
0.0354

Нови 25 стипендии од Еуролинк осигурување за студентите и постдипломците на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2015 12:26

Добивај вести на Viber

На студентите на додипломски студии (прв циклус) и на студентите на постдипломски студии (втор циклус студии) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ компанијата Еуролинк осигурување им доделува 25 целосни стипендии со кои ќе можe да ги покријат трошоците за кофинансирање

Во рамките на својата долгорочна програма за корпоративна општествена одговорност Еуролинк осигурување и годинава ќе додели 25 стипендии за студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Стипендиската програма е наменета за 20 студенти на додипломски студии (прв циклус) и за 5 студенти на постдипломски студии (втор циклус) кои имаат просечен успех од положени испити најмалку  8.00.

eurolink

- Еуролинк осигурување, со поддршка на 300.000 верни клиенти, распиша конкурс за стипендирање на 25 најперспективни студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Го исполнивме нашето ветување од минатата година и ја продолжуваме оваа убава традиција на доделување “Еуролинк стипендија”. Овој пат одлучивме да ја прошириме нашата програма за стипендирање, така што покрај на 20 студенти на додипломски студии ќе им дадеме можност и на 5 постдипломци да ja добијат стипендијата. Иницијативата е израз на посветеноста на Еуролинк осигурување на  поддршката  на развојот на образованието и науката во Република Македонија, како и поттик за творечкиот потенцијал на студентите како активни чинители во општеството - истакна Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување.

Процесот на аплицирање за „Еуролинк стипендија“ почнува денеска (21 мај) и ќе трае до 15 септември 2015 година. Сите заинтересирани треба да достават уверение за положени испити и кратка биографија со фотографија.

Потребните документи за аплицирање кандидатите треба да ги достават во печатена форма до проф. д-р Гоце Наумовски од Одборот за доделување „Еуролинк стипендија” во Архивата на  Правен факултет „Јустинијан Први” или во електронска форма на е-адресата: eurolinkstipendija@eurolink.com.mk

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година