16 Декември, 2025
0.1200

Нови давачки за купувачите на половни возила

Објавено во: Балкан 25 Април, 2014 08:16

Добивај вести на Viber

Новата регулатива за увоз на полoвни автомобили во Србија, чија реализација почна по велигденските празници не ги отстрани постојните проблеми, а воведе дополнителни плаќања кон институциите. Единствениот  ефект, кој е веднаш се  почувствувал на пазарот на половни автомобили е зголемувањето на  цената, пишува вести. "Добивме само дополнителен данок кој е сосема непотребен," вели за , "Новости", Дамир Oкановиќ, директор на српската комисија за безбедност на сообраќајот. Од гледна точка на безбедноста нема  апсолутно никакво значење, па дури и не го  штитат купувачот. Oкановиќ објаснува дека тестирањето на половни возила е сведено на проверка дали техничката документација на возилото е во ред. Ова значи дека ќе бидат тестирани, на пример, кубикажата, но не и дали возилото има надминати километри, или дали имало сообраќајна незгода. Предвидено е  контролата на половни возила да се врши во шест овластени организации во 268 испитни центри  во Србија, а листа на испитувачите е објавен на официјалниот сајт на Агенцијата за безбедност на сообраќај, која непосредно пред примената на овој Правилник барала од страна на Министерството за транспорт да го одложи неговото спроведување, бидејќи не се стекнале со технички услови "на теренот", но не се најде разбирање. Постапката започнува со процесот на царинење, така што работниците на Царинската управа ќе им овозможат на  увозниците под царински надзор да се изврши контрола. Увозниците, тогаш, ги носат возилота на тестирање со пополнета апликација и потребните докази за плаќање, како и оригиналната регистрација на возилата, кои ќе бидат вратени по инспекцијата. Овластена организација за извршување на котролата составува записник, а на таа основа Агенцијата за безбедност на сообраќајот доставува извештај за контролирање. Ако извештајот биде позитивен, се издадава сертификат за испитување (контрола) за увезени половни возила, кој се користи во понатамошниот процес на царинење, регистрација на возилата. Агенцијата од издавањето на тој документ, кој содржи информации за тоа дали возилото ги исполнува барањата од Регулативата за увоз на моторни возила, издавање на потврда ЕУРО 3 направени само за возила за кои управата на царината во постапката на царинарење, дополнително ја побара. Додека увозниците на половни возила сметаат дека ова е само уште едно, непотребно наметнување, бидејќи во суштина ништо нема да се подобри,  увозниците на нови автомобили  сметаат дека е "крајно време и во оваа област да се воведе ред“. K.K.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата