Добивај вести на Viber
Нови мерки за вработување со кои ќе бидат опфатени 1.540 невработени лица, спревдува Владата, истакна денеска министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.
Обезбедени средства во износ од 72,2 милиони денари, планирани за вкупно четири мерки. Меѓу нив: субвенционирање на вработување, субвенционирање на вработување на деца без родители, обука кај познат работодавач и обука кај познат работодавач со субвенционирање.
-Со мерката субвенционирање на вработување планирано е да се опфатат 500 невработени лица, од кои до 80 лица од ранливите групи кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот за кои во период од шест месеци ќе се обезбедуваат средства во износ од 13.000 денари месечно, а за ранливите групи како жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, самохрани родители износот кој ќе се исплаќа изнесува 17.000 денари месечно. По 3.000 денари ќе се исплаќаат кај работодавачот како партиципација за трошоците. За реализација на оваа мерка се предвидени околу 50 милиони денари, истакна Ристовски.
Огласот важи до следниот петок.