Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад
Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2024
Пушењето цигари претставува глобален проблем од кој директно се засегнати околу една милијарда пушачи, но и огромен број непушачи кои се наоѓаат во нивна непосредна близина. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден од главните ризик-фактори за развој на најраспространетите заболувања, поврзани со смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. Целосното откажување од пушење е најдобрата опција, но и покрај свесноста за штетното влијание што оваа лоша навика го има врз здравјето на пушачите и нивната околина, голем број луѓе сѐ уште не се откажуваат од цигарите од различни причини.
Според податоците од Светската здравствена организација, 45,4% од полнолетното население во Северна Македонија се декларираат како пушачи.Повеќе од половина од активните пушачи изјавиле дека никогаш нема да се откажат од пушењето.Околу 30% од пушачите се обиделе да се откажат барем еднаш во последната година.Дури 81% од пушачите знаат дека пушењето е штетно, но познавањето на здравствените ризици не е главен мотиватор за откажување.
Со оглед на фактот што откажувањето од цигарите оди многу тешко, односно пушењето често се смета за културолошки феномен, поврзано е со одмор, како и социјална активност, многу земји се свртуваат кон стратегија за намалување на штетите од тутунот. Примената на концептот за намалување на штети од пушењето добива сè поголема поддршка во експертските и здравствените кругови како средно решение, токму во случаите кога целосната елиминација не е можна.
Концепт за намалување на штети од тутунот е научно поткрепен пристап што може да помогне во намалувањето на штетните ефекти пушењето, а е во согласност со активностите за унапредување на јавното здравје. Концептот е резултат на прагматичен и рационален пристап, заснован врз логиката дека ако една појава, како што е пушењето, не може да се спречи или целосно искорени, затоа што поединците не се откажуваат од пушењето, тогаш е потребно да се побараат алтернативни решенија со кои ќе се намалат негативните ефекти.
Кон концептот на намалување на штети се осврна и Александра Георгиева, кардилог и претседателка на Здружението на лекари специјализанти, во своето излагање на симпозиумот организиран како дела од проектот „Стоп за лоши навики“. Таа смета дека оние пушачи кои не се откажуваат од цигарите, треба да имаат точни информации за алтернативите и врз основа на тие информации да можат полесно да донесат одлука за преминување на помалку штетна алтернатива.
„Кај оние граѓани кои никако не се откажуваат од оваа навика, постои можност запримена на концептотза намалување на штетите. Се работи за концепт што подразбира редуцирање на ризикот од штетни последици по здравjето, каj навики кои што не можаме комплетно да ги изолираме. Без разлика дали станува збор од здравствен аспект или од социо-економски аспект. Кога говориме конкретно во правец на пушењето, тоа подразбира некаква супституциjа, односно производитеза испорака на никотин, што иако предизвикува зависност, не е примарен причинител за болести поврзани со пушењето.“, вели доктор Георгиева.
Овој текст е дел од проект “Стоп за лоши навики“. Повеке за проектот може да прочитате на следниот линк.
ПР Објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.