27 Ноември, 2024
0.0299

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Дводневна работилница за студенти од Економскиот факултет при УКИМ беше одржана во едукативниот центар на Халкбанк АД Скопје. Работилницата беше организирана во соработка со Економскиот факултет при УКИМ, YACO (Youth Actively Create Opportunities) и УСАИД, на која активно учествуваа 70-тина студенти, кои со многу труд посветено работеа на креирање банкарски пакет за поддршка на социјални претпријатија.

Присутните беа поделени во десет тимови и на крај беа избрани две победнички решенија кои на најсоодветен и најиновативен начин ќе им помогнат на социјалните претпријатија да го остварат планираниот социјален ефект и во исто време да ја подобрат својата економска одржливост.

Социјални претпријатија се компании чија главна цел не е само профит, туку и создавање позитивен социјален, еколошки или културолошки ефект. Тие најчесто се фокусираат на решавање општествени проблеми, како што се вработување ранливи групи, подобрување на условите за живот, еколошка одржливост или промовирање инклузивност во заедницата. Овие претпријатија се соочуваат со специфични предизвици, како отежнат пристап до традиционални извори на финансирање и сложени финансиски потреби, што се одразува на нивната способност да растат и да бидат одржливи.

„Социјалните претпријатија се исклучително важни затоа што имаат огромен потенцијал да решат одреден општествен проблем, да ги подобрат условите за живот и да изградат подобро и поинклузивно општество. Но, за да го остварат тоа, неопходна им е специфична финансиска поддршка. Ние во Халкбанк сме особено посветени на да им помогнеме на овие претпријатија да ги реализираат своите цели. Поддршката на социјалните претпријатија за нас не е само обезбедување финансиски пакет, туку и одговорност да придонесеме во креирањето еднакви можности за сите. Среќни сме што во овој предизвик ги вклучивме и студентите, кои несебично го вложија својот труд и идеи и понудија иновативни и креативни решенија за банкарскиот производ за финансирање социјални претпријатија“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Работилницата имаше двоен ефект, имајќи предвид дека им овозможи на студентите директно да учествуваат и да се запознаат со процесот на креирање банкарски производ. Тие научија нешто повеќе за социјалното претприемништво, го истражуваа пазарот, дискутираа, разменуваа идеи и развија банкарски пакети. Финалните решенија ги презентираа пред жири комисија, составена од претставници на Економскиот факултет, YACO,  Халкбанк и социјални претпријатија, кои ги оценуваа предложените решенија и ги избраа победниците.


Халкбанк, преку својата платформа за млади Halk EZ,посветено работи на финансиска едукација на младите, а со оваа работилница им овозможи да го доживеат процесот на создавање нов банкарски производ.

Работилницата за развој на банкарски производи за социјални претпријатија е само една од многуте иницијативи на Халкбанк за поддршка на претприемништвото и иновациите, и за унапредување на општествената одговорност во Македонија.


ПР Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Промоција на сликовницата „Градоначалник“ од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски

Промоција на сликовницата „Градоначалник“ од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски