27 Ноември, 2024
0.0270

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Во свет кој постојано се менува, предизвиците со кои се соочуваат младите кај нас не смеат да се игнорираат. Кампањата „Во ист ритам“, која ја спроведува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија, ги става во фокус најкритичните прашања кои влијаат врз благосостојбата и иднината на младите.

Од менталното здравје и родовата еднаквост, до сексуалното образование и социјалното учество – овие прашања не се само статистика, тие се приказна за младите кои заслужуваат подобро утре.

Три истражувања укажуваат на статистики од кои е јасно дека е неопходно да се направат промени: ХБСЦ Студија за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Северна Македонија, „Здравјето на мајките и децата во Република Северна Македонија во 2023 година“, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, Социо-политичко учество на младите во Северна Македонија, Студија 2023, Фондација за демократија на Вестминстер, Северна Македонија. 

Менталното здравје е аларм кој не смееме да го игнорираме

Податоците говорат гласно: анксиозноста кај младите е во пораст, особено кај девојчињата. Според ХБСЦ Студија за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Северна Македонија, 64% од 15-годишните девојчиња и 37% од момчињата се соочуваат со вознемиреност.

Причините се комплексни – од очекувањата за успех, преку сликата за сопственото тело, до недоволно разбирање и поддршка од најблиските. Психолозите предупредуваат дека без соодветна едукација и поддршка, младите ризикуваат да се соочат со долготрајни последици врз нивната благосостојба.

Кампањата „Во ист ритам“ повикува на создавање здрава средина во која младите ќе се чувствуваат безбедно да зборуваат за своите чувства и да добијат поддршка.

Родовите стереотипи се пречка за еднаква иднина

Иако живееме во 21-от век, речиси половина од 15-годишните момчиња (49%) сè уште поддржуваат традиционални родови улоги, а 29% од младите веруваат дека мажите се подобри политичари од жените.

Овие верувања не се само одраз на општествените ставови, туку и сериозна пречка за личниот и професионален развој на младите. Стереотипите како „момчињата не покажуваат емоции“ или „девојчињата не се лидери“ ја поткопуваат самодовербата и амбициите на цела генерација.

„Во ист ритам“ испраќа порака дека младите, без разлика на нивниот пол, имаат потенцијал да ги следат своите соништа. Со рушење на стереотипите, можеме да создадеме општество каде секој има еднаква можност за успех.


Погрешните идеали за „машко однесување“

На 15-годишна возраст, 14% од момчињата и 5% од девојчињата учествувале во тепачки три или повеќе пати во последната година. Истражувањата покажуваат дека причината треба да ја бараме во културата која го слави насилството како доказ за „машкост“.

Овие ставови не само што го поттикнуваат насилството, туку ги загрозуваат односите и безбедноста на младите. Кампањата ги нагласува позитивните и ненасилни начини за изразување на емоциите и создавање безбедна средина за сите.


Сексуалното образование како темел за информирани одлуки

Во Северна Македонија, само 3,3% од девојките до 19 години добиле совети за планирање семејство. Истражувањата покажуваат дека воведувањето на сексуално образование во училиштата не само што го одложува првиот сексуален однос, туку и придонесува за информирани и здрави одлуки кај младите.

Во земји каде што сексуалното образование е дел од наставната програма, младите се посолидарни, толерантни и свесни за своите права и одговорности. 


Гласот на младите мора да се слушне

Дури 73,7% од младите никогаш не биле консултирани од институциите при носење одлуки, а повеќе од половина (51,4%) сметаат дека властите воопшто не се грижат за нив.

Само 19 од 80 општини имаат формирано локални младински совети, а младинските центри се присутни во само 7 општини. Ова не е доволно. Младите мора да добијат простор за изразување, вклучувајќи ги и оние со попречености, за нивните идеи и мислења да бидат земени предвид.


Образованието е основа за толеранција и инклузија

Толеранцијата и прифаќањето на различностите започнуваат со образование. Истражувањата покажуваат дека земјите со воведено сексуално образование имаат помалку дискриминација врз основа на култура, националност или сексуална ориентација.

Кампањата „Во ист ритам“ потсетува дека едукацијата не е само алатка за успех, туку и за градење инклузивно општество каде секој млад човек ќе има шанса за среќен и исполнет живот.

„Младите не се само иднината – тие се сегашноста,“ велат од ХЕРА. „Време е да ја искористиме нивната енергија и идеи за подобро општество за сите.“

Сите информации поврзани со кампањата „Во ист ритам“ се достапни на официјалната веб страница и на социјалните мрежи. 

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Промоција на сликовницата „Градоначалник“ од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски

Промоција на сликовницата „Градоначалник“ од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски