15 Декември, 2025
0.0549

Нови промени – Facebook ќе одлучува што ќе читате

Објавено во: Мои пари 28 Август, 2014 08:06

Добивај вести на Viber

Facebook објави дека има направено промени во news feed-от, за да им помогне на луѓето да најдат публикации и линкови со најинтересни и релевантни информации. Другата цел, која си ја постави социјалната мрежа со овој потег, е да се намали бројот на публикациите кои корисниците ги дефинираат како спам или како такви кои не сакаат да ги гледаат, открива компанијата на својот вебсајт. Промените влијаат главно на линкови со лого под називот "click-bite". Тие се карактеризираат со тоа што, за да се види содржината во нив, корисникот треба прво да го притисне копчето "Like". Таквите линкови не даваат подетални информации за она што може да биде прочитано, откако линкот биде лајкнат. Такви линкови често собираат мноштво прегледи, што значи дека се прикажани на повеќе луѓе и соодветно - излегуваат повисоко во news feed-от, посочуваат од компанијата. Пред да ги изврши промените компанијата ги распраша своите корисници, за да разбере каков тип содржина претпочитаат да гледаат на "ѕидовите". 80% од нив посочуваат дека сакаат да читаат наслови кои ќе им помогнат да одлучат дали навистина сакаат да ја прочитаат целата статија пред да одлучат дали да го притиснато копчето "Like". Еден од начините да се направи вакво нешто е Facebook да следи по колку време делат корисниците за читањето на дадена статија. Ако кликнете на неа и поминувате повеќе време во читање, тоа укажува дека содржината е квалитетна. Ако сепак се вратат брзо Facebook, најверојатно во информациите не го вклучува како нешто што тие би сакале да го видат. Друг фактор кој Facebook ќе го користи за да се обиде да не покажува несакана содржина, е каков е соодносот помеѓу луѓето кои влегуваат да ја видат целосната статија во споредба со оние кои ја разгледуваат и споделуваат со пријатели. Ако многу корисници кликнале на линкот, но релативно малку избираат да го притиснато копчето "Like" или коментираат кога ќе се вратат на Facebook, ова сугерира дека содржината не е особено драгоцена за нив. Втората промена направена од Facebook, влијае линковите кои корисниците ги споделуваат како публикации. Кога човек ќе сподели врска на социјалната мрежа, таа често се појавува во news feed-от со голема слика, наслов и малку текст одоздола. Понекогаш компаниите споделуваат линкови и статуси кои содржат текст. Повеќе ценети отсега ќе бидат публикациите кои се во линк формат, а не оние кои одат во публикација со слика и линк во самиот опис. Од компанијата тврдат дека луѓето претпочитаат оригинални линкови. Причината е дека на овој начин линкот покажува дополнителни информации за текстот, а тоа ја прави одлуката дали линкот ќе биде отворен од страна на корисникот, многу полесна. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“