НОВИ ПУНКТОВИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: И во поликлиниката Ѓорче Петров ќе се прават ковид-тестови
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2020
Во поликлиниката
„Ѓорче Петров“ ќе почне да функционира уште еден пункт за тестирање од корона
вирусот, потврди за Фактор, директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор
Исјановски. Вели дека во тој реон на Скопје гравитираат дури околу 170.000
луѓе, а најблискиот пункт до сега функционира во центарот на главниот град, односно во поликлиниката
Идадија.
-Се е подготвено во поликлиниката „Ѓорче Петров“. Сметаме дека треба да отпочне со работа и овој пункт каде ќе се прават ковид-тестови, бидејќи во овој дел на главниот град има огромен број популација. Ќе им биде многу поблиску на граѓаните од Сарај, Влае, Ѓорче Петров и другите населби...Целосно е опремен со комјутери, потребна апаратура, помина и инспекција за да се направи увид дали се запазени сите протоколи, вели д-р. Исјановски.
Тој нагласува дека доколку има потреба ќе се отвори и пункт во поликлиниката Драчево. Инаку, за сега функционираат лабораториите за тестирање во здравствените установи „Јане Сандански, Идадија, во Чаир и во Ченто.
Тимовите кои земаат брисеви од суспектни граѓани на Ковид-19 се од Центарот за јавно здравје на Град Скопје, но тие сега се засилени дополнителен кадар, односно со лаборанти од Здравствен дом Скопје.
-Во време на корона кризата секаде има потреба од дополнителен кадар, екипите се заморени по четиримесечна постојана работа на терен. Секаде се прават ротации за да можат малку да се одморат. Тимовите од Центарот за јавно здравје кои ги вршат тестирањата сега се засилени со лаборанти од Здравствен дом Скопје, вели д-р. Исјановски.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.