Нови рочишта: Обвинетите во „Титаник“ и „Тврдина 2“ денес на обвинителна клупа
Објавено во: Македонија 15 Април, 2019
Осомничените за злосторничко здружување , повреда на избирачкото право, поткуп при избори или сите кои се гонат во случајот „Титаник“ денеска седнуваат на обвинителна клупа.
Пред нив СЈО ќе презентира докзи а во овој предмет осомничени се Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска и бегалецот Никола Груевски.
Рочиште е најавено денеска и за предметот „Тврдина 2“ во кој на екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување .
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.