19 Декември, 2025
0.3774

Нови стипендии за професионална обука на невработени жени од Чаир

Објавено во: Мои пари, Македонија 30 Април, 2015 17:00

Добивај вести на Viber

Општината Чаир обезбеди средства за стипендии со кои им се овозможува на 10 невработени жени, кои живеат на територијата на општина Чаир, да завршат тримесечна стручна обука од областите моделирање, стилизам, кроење и шиење во Институтот за мода „Изет Цури“. Проектот се реализира во соработка со Центарот за едукација и развој „Libraria e Carshie”.

Пријавите за учество на обуката, заинтересираните кандидатки треба да ги достават во Институтот за мода „Изет Цури“, најдоцна до 5-ти мај 2015 година. Пристигнатите апликации ќе ги разгледува комисија составена од претставник на Институтот за мода „Изет Цури“, Општина Чаир и Центарот за едукација и развој „Libraria e Carshie”.

Обуката ќе се изведува по програма на познатиот моден креатор Изет Цури, кој неколку децении успешно работи во Париз и чии креации се познати во светот.

Целта на оваа обука е на невработените жени во општината да им се овозможи да се стекнат со конкретни вештини и знаења, со што се создаваат реални перспективи за нивно вработување.

Досега, во рамки на овој проект кој се реализира со поддршка на Општина Чаир, повеќе од 30 млади невработени жени од општината се стекнаа со специфични вештини и квалификации, со што се овозможи нивно полесно вработување.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка