16 Декември, 2025
0.0632

НОВИ УШТЕ ПОСТРАШНИ СКАНДАЛИ ЈА ТРЕСАТ ВЈОСА ОСМАНИ: „Чичкото на нејзиниот сопруг бил убиен поради педофилија“

Објавено во: Балкан 17 Август, 2024 15:44

Добивај вести на Viber

Според информациите кои ги објави порталот Nacionale.com и Lajmi.net, мотивот за убиството на Садрие Садриу (89), чичко на сопругот на претседателката на Косово, Вјоса Османи бил наводно злоставување на двете сестри на осомничениот Фестим Рамадани кога биле малолетни. Инцидентот се случил во селото Биба кај Урошевац, каде полицаецот Фестим Рамадани го застрелал Садри во дворот на свадбената сала.

Осомничениот Фестим Рамадани, откако го извршил убиството, се предал во полиција. Тој употребил службено оружје за да изврши кривично дело, но не бил на службена должност во моментот на убиството и бил во цивилна облека. По инцидентот Рамадани и се предал на полицијата и бил суспендиран од работа.

Според изворите на порталот Национале, семејството Рамадани тврдело дека Садриу ги злоставувал неговите две сестри кога биле малолетни, што било мотивот за убиството. Овој случај привлече големо внимание поради поврзаноста со познати личности од политиката, Садриу е чичко на Приндон Садриу, кој преку Фејсбук стапил во комуникација со семејството Рамадани, како и со Вјоса Османи.

Порталите јавуваат и дека членовите на семејството Рамадани биле револтирани поради тоа што судските власти не постапиле по случајот порано, што, како што наведуваат, најверојатно укажува на тоа дека тој можеби е поврзан со политичката моќ на семејството Садриу. Во меѓувреме, од кабинетот на Вјосе Османи не одговорија на барањата за коментар.

Според изјавата на претставникот на Косовската полиција, убиството било извршено со службено долго оружје, но не со калашников, а сето тоа било направено пред очите на присутните во дворот на свадбената сала.

фото: EPA-EFE/URS FLUEELER 

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата