Новиот грчки премиер планира да воведе данок на црквата
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2015 19:14
Новиот грчки премиер се запиша во историјата веќе со првите чекори после изборната победа меѓу кои е посетата на меморијалниот центар во Каисариани каде во 1944 година нацистите убиле 200 грчки активисти во знак на одмазда за убиство на германскиот офицер и љубезната порака на Архиепископот на Атина дека неговите услуги нема да бидат потребни во текот на заклетавата и инагурацијата.
„The Economist“ истакува дека секуларната промена на Ципрас од црквата и церемонијална култура во Грција е без преседан.
Никос Космидис, активистот на Сириза од северот на Грција и верен поравославен христијанин, вели дека одлуката на неговиот водач за секуларната заклетва е парадоксален чин на почитување на црквата и нејзиниот интегритет.
Наместо религиските ритуали да ги користи за политичките цели како своите претходници, „Ципрас ја препознал духовноста на црковните услуги и се однесувал со почит кон нас верниците не изрекувајќи лажна заклетва. Ние сме поради тоа благодарни“, вели Никос.
Грчката црква досега досега ја уживала целокупната поддршка на државата, што го вклучува и исклучокот на данок на имот.
Гардијан пишува дека со одделувањето на „светото и световното“ кое го заговара Сириза, но и нејзините коалициони партнери од Независните Грци, состојбата би можела да се промени, што во пракса покажува најава на Министерството за финансии за воведување на данок на имот кој црквата ја користи во бизнис цели.
-Владата се двоуми кога станува збор за воведување на данок на црквата и олигарсите, додека работниците и пензионери мора да го подмируваат данокот без некој да ги прашува за мислење - рекол Ципрас неколку месеци пред изборите, одговарајќи на прашањето за судирите со милениумската традиција на Грција, пренесува Индекс.хр.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




