09 Октомври, 2024
0.0267

НОВИОТ КРАЛ НА ДАНСКА ИМА ГОЛЕМ ПЛАН, ЕДВАЈ ГИ ЗАДРЖА СОЛЗИТЕ - фотогалерија од историскиот момент

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Десетици илјади луѓе беа сведоци на историскиот момент кога кралот Фредерик Десетти ја наследи мајка си и стана нов крал на Данска.

Задржувајќи ги солзите, кралот Фредерик им кажа на навивачката толпа пред замокот Кристијанборг дека сака да биде „обединувачки крал“ за иднината.

Тој зборуваше со пофални зборови за својата мајка, кралицата Маргарет, која абдицирала еден час порано, со што стави крај на нејзините 52 години на тронот.

Таа е првиот дански монарх кој абдицирал во последните 800 години.

Иако се сметаше за настан со помало значење, море од луѓе се излеа надвор од замокот за да сведочат за наследувањето на круната.

Со зборовите „Да живее кралот Фредерик Десетти“ повторени три пати за време на церемонијата на балконот на палатата, данската премиерка Мете Фредриксен го прогласи Фредерик за крал на Данска, Гренланд и Фарските Острови.

Во својот прв говор како монарх, кралот Фредерик рече дека цел живот се подготвувал да стане „обединувачки крал на утрешниот ден“.

„Тоа е задача што ја прифатив со гордост, почит и радост.

Тој додаде дека неговата мајка засекогаш ќе остане запаметена како „извонреден“ владетел.

Кралот Фредерик изгледаше обземен од емоции кога ги виде граѓаните собрани на прослава.

Ја бакна кралицата Мери, а на балконот им се придружиле и нивните четири деца, меѓу кои и 18-годишниот принц Кристијан, новиот престолонаследник.

Голем број луѓе се собраа и да се простат од кралицата Маргарет - која беше последната жена монарх во светот.

Таа ја објави изненадувачката одлука да се пензионира за време на новогодишното телевизиско обраќање во живо.

Таа рече дека ја донела одлуката откако размислувала за тоа по операцијата на грбот на почетокот на 2023 година.

„Поради операцијата, природно почнав да размислувам за иднината... дали е дојдено време да ја пренесам одговорноста на следната генерација“, рече таа, заблагодарувајќи му се на данскиот народ за поддршката низ годините.

Кралицата останува со нејзината титула, додека сопругата на новиот крал ја носи титулата кралица сопруга.

Кралот Фредерик има 55 години и сега е на чело на најстарата монархија во Европа.

Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила испратија честитки до новиот монарх, оддавајќи почит на „долгата служба“ на кралицата Маргарет на Данска.

Фотографии: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист