Новиот подвид на коронавирусот кој е откриен во Британија се шири побрзо
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Декември, 2020
Се појавија информации за новиот вид на коронавирусот кој е откриен неодамна во Велика Британија. Тој може да се шири побрзо.
Се прават итни испитувања за да се потврди дека тој не придизвикува поголема стапка на смртност, изјави шефот на британските медицински служби Крис Вити.
„Овој нов сој е откриен преку националниот геномски надзор. Како резултат на неговото брзо ширење и наглиот пораст на бројот на нови случаи на зараза на југоистокот на земјата, беше заклучено дека новиот сој може да се шири многу побрзо“, изјави Вити.
Премиерот Борис Џонсон објави дека во Лондон, југоисточниот и во источниот дел на Англија ќе бидат воведени рестриктивни мерки од најстрог тип.
„Тој можеби е за 70 отсто попренослив од стариот вид“, изјави Џонсон.
Во овие делови на Англија се враќаат рестрикциите што важеа за целата земја во ноември. Жителите не смеат да излегуваат надвор и мора да работат од дома, ако можат. Ќе бидат затворени сите несуштински продавници и теретани. Мерките ќе бидат на сила најмалку две недели.
Започна вториот бран на коронавирусот во Јужна Африка, каде има нова верзија на вирусот. Ова се случува само неколку дена откако Велика Британија информираше дека открила нов подвид на Ковид-19.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.