НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ, ВАНЧО МАРКОВСКИ РЕАГИРА: Не е точно дека Димов не се кандидирал
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2020
Новото раководство на Комората на извршители демантира дека поранешниот претседател Зоран Димов не се кандидирал на последното Собрание за избор на нов прв човек на оваа асоцијација.
Тоа во реакција за Фактор го тврди Ванчо Марковски, новиот претседател на Извршителската комора.
На
ден 16.10.2020 година, во електронското издание на Фактор портал, е објавен текст со следната содржина: „СМЕНА
ВО ВРВОТ НА ИЗВРШИТЕЛСКАТА КОМОРА- станува ли неатрактивна една од досега
највносните професии“, при што е дадена изјава од извршител Зоран Димов од
Скопје, кој е поранешен Претседател на Комората со мандат до 10.10.2020 година.
Имено, Комората на извршители на РСМ демантира дека поранешниот Претседател на Комората Зоран Димов, извршител од Скопје, не се кандидирал на изборите за Претседател од причина што, на ден 10.08.2020 година, беше одржано Изборно собрание на Комората на извршители на РСМ во Скопје каде што своја кандидатура за претседател на КИРСМ имаше поднесено и извршител Зоран Димов од Скопје. Но, поради освоен мал број на гласови од членовите на Собранието, тој не беше избран за Претседател на Комората.
Неспорен е фактот што на повторно одржаното Собранието на Комората на извршители на РСМ, на ден 01.10.2020 година, извршител Зоран Димов од Скопје не беше кандидат за Претседател на Комората, но истиот беше предложен за член на Управен одбор за подрачјето на Апелациониот суд Скопје. Меѓутоа, повторно поради недоволен број освоени гласови, не помина ниту во втор круг на гласање, со што не беше избран ниту за член на Управен одбор на КИРСМ.
Комората на извршители на РСМ цени дека согласно Кодексот на новинарите, новинарот треба да објавува точни и проверени информации добиени од официјални, службени извори, па оттука Комората смета дека пред објавата на написот би било за потребно да се побараат информации и изјави од Комората на извршители на РСМ, застапувана од нејзин актуелен Претседател. Во конкретниот случај е пренесена изјава на Извршител Зоран Димов од Скопје, кој во моментот не е носител на ниту една функција во КИРСМ.
Иако Комората на извршители на РСМ изразува благодарност на претходниот претседател за тригодишен ангажман во комората, во оваа прилика сме навистина загрижени од дадената изјава на колегата Димов – дека причина за негово некандидирање за претседател КИРСМ била „намалената тарифа а и тоа што професијата извршител е на граница на издржливост.“
Сметаме дека поставеноста на Комората како професионално здружение на извршителите е токму во насока да ги решава нивните проблеми. Претседателот на Комората треба да биде најмотивиран да делува и во најтешките моменти низ кои поминува членството.
Како претставник на сите извршители здружени во комората, се надевам дека во идниот период, како претседател на Комората, ќе успеам правилно да ги детектирам проблемите и адресирам прашањата кои нѐ мачат.
Факт е дека се наоѓаме во најтешка криза од нашето постоење како фела, која што сметам дека треба да биде повод за наше позитивно преструктурирање во Комората, со цел да се избориме со предизвиците.
Особено
сум заинтересиран за транспарентен и проактивен однос со медиумите и од таа
причина се надевам на Ваш континуиран интерес за нашата работа во иднина, со
цел објективно информирање на јавноста“, стои во реакцијата од претседателот на Комората на извршители на РСМ, Ванчо Марковски.
Доколку тој реши да одржи пресконференција, секако дека ќе ги пренесеме неговите ставови.
Сепак, Фактор ја оценува како непримерна забелешката од господинот Марковски дека за смената во раководството на комората сме требале само и единствено од него и од официјални лица да побараме изјава. Го упатуваме господинот Марковски тоа да и го остави на уредувачката политика на нашиот медиум. Ние, пак, сметаме дека за одредени теми за кои пишуваме и ги обработуваме, имаме право од секого да побараме и да пренесеме изјава, па било да е тоа и обичен граѓанин, а уште повеќе од досегашниот официјален претседател на комората.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.