05 Декември, 2025
0.0312

Новите кредити – со пониска камата

Објавено во: Финансии 03 Јули, 2013 08:14

Добивај вести на Viber

Банките одобруваат кредити со намалена камата, додека каматната стапка на депозитите останува непроменета. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во мај просечната камата на новоодобрените кредити изнесува 6,7% додека во април таа изнесувала 7%. Новата, намалена камата за новоодбрените кредити е на најниско ниво во последните пет месеци. Анализата на бројките покажува дека во мај се забележува намалување на каматата за новоодобрените денарски кредити додека кај оние со девизна клаузула има мал пораст. Висина на каматна стапка  Денарски кредити 6,7% Девизни кредити 6,6% Во истиот месец, банките ги зголемија каматите за штедењето во денари, додека за девизните депозити тие остануваат на исто ниво. Така, во мај, за новопримените штедни влогови во денари, банкарите пресметувале камата од 2,6% (во април 2,2%), додека за девизните депозити таа изнесувала 0,5% (ова ниво се одржува три месеци по ред). Додека кај новообрените кредити се забележува тренд на поевтинување, кај постоечките кредитни пласмани, состојбата е непроменета. На ниво на целиот банкарски сектор, висината на каматната стапка за денарските кредити изнесува 8,1% а за девизните кредити 6,6%. Банкарите најавија дека натамошните можни поевтинувања на кредитите ќе бидат диктирани од вкупната економска состојба во земјава. И покрај тоа што Народната банка и Владата ја намалија основната камата за благајничките, односно државните записи, со цел да го стимулираат кредитирањето, банките и натаму продолжуваат со воздржана и претпазлива кредитна политика. Во првите четири месеци од годинава на ниво на банкарскиот сектор беше регистриран кредитен раст од 1 отсто. До крајот на годината, според проекциите на НБРМ кредитирањето треба да порасне со стапка од 7 проценти. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката