Новковски: Груевски требаше да бара прочка, а не да манипулира
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017 07:30
Интервјуто на Никола Груевски на ТВ Сител беше временски погодено во еден момент што му оставаше простор да се покаже на соодветно ниво за неговата позиција во светлото на демохристијанската опција за којашто се декларира, вели за Фактор, унивезритетскиот професор Ненад Новковски, додавајќи дека со оглед на тајмингот сепак најсоодвтено ќе би било Груевски да побара прочка од граѓаните, а не и натаму да ги манипулира.
„Во неговата ситуација, после изгубените четиринаесет години на партијата и водењето на државата во последниве девет години во погрешна насока, единственото што можеше да побара беше прочка од членовите на партијата и од граѓаните на Македонија. Со настапот не само што не се извини на грешките, туку се обиде и да ја навреди интелигенцијата на нацијата. Имено, изливот на емотивност можеби би одговарал на некој новопојавен лидер, но во никој случај на таков за кој што се водат постапки за масовно загрозување на правата и слободите на граѓаните,вели Новковски за Фактор.
Новковски, смета и дека Никола Груевски дополнително манипулира со јавноста бидејќи, како што веќе беше објавено и ВМРО-ДПМНЕ веќе го имаше прифатено истото за што сега се разговара меѓу СДСМ и партиите од албанскиот блок.
„Она за што се обиде да го обвини својот противник, според истите извори што и се достапни на јавноста, е истото она што претходно го прифатил во постапката на преговарањето. Сепак, најголемата навреда на интелигенцијата на нацијата е манипулацијата со условена поддршка на малцинска влада, во момент кога преговорите се завршени, заклучува универзитетскиот професор Ненад Новковски.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




