НОВО ОТКРИТИЕ: Коронавирусот не дошол во Русија од Кина, туку од Европа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Јули, 2020
Научни организации од Русија откриле дека коронавирусот не дошол во Русија од Кина, туку од Европа.
Тие дошле до заклучок дека првите случаи не довеле до епидемијата во Русија, но сега во државата циркулираат најмалку девет различни варијанти на коронавирусот.
„Употребувајќи генетски податоци за вирусот кои циркулираат на територијата на Русија со податоците за движењето на населението, научниците дојдоа до заклучок дека вирусната разновидност е добиена благодарение, како минимум, на 67 независно увезени вируси во различни градови кон крајот на февруари и почетокот на март", соопштиле од научниот центар „Сколтех".
За разлика од другите држави, вирусот е увезен во Русија, не од Кина, туку од Европа, покажуваат резултатите.
Во Русија досега заболеле повеќе од 770.000 луѓе.
СЗО исто така треба да истражи како вирусот се појави во Кина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.