Ново преструктуирање на грчкиот долг
Објавено во: Балкан 16 Август, 2013
Грција и натаму се соочува со голем кредитен ризик, со оглед на тоа дека долгот на земјата надминал 170 отсто од БДП за 2013 година, изјави професорт Георг Рохл, член на научниот совет на германското Министерство за финансии, пишува весникот „Етнос“.
Во интервју за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ финасиските експерти изразуваат мислење дека првичниот суфицит, регистриран во јули во државниот буџет на Грција е далеку од можноста за покривање на трошоците за каматите на земјите и оти ново отпишување на грчкиот долг е неизбежно.
Друг економист од Универзитетот Кил изјави за весникот дека по изборите во Германија федералната Влада ќе објави дека нема алтернатива по прашањето за отпишување на грчкиот долг и оти државите кредитори ќе бидат задолжени да се откажат од 65 отсто од заемите, кои и ги дале на Грција.