НОВО: „WhatsApp“ воведе повици
Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2015 20:42
Апликацијата „WhatsApp“ ја воведе опцијата за која долго се „шушкаше“.
Според информациите на GSMArena, врз основа на објавата на Reddit, „WhatsApp“ тргна со испорака на повици во апликацијата. Гласовни, но не и видео повици им се достапни само на корисниците со тест верзија на Андроид апликација, која може да се најде на сајтот на „WhatsApp“, и се добиваат исклчиво со „покана“ (слично работи и Гугл за инбокс мејл сервисот).
Повиците се интегрирани како додатна картичка во воведот на „WhatsApp“ апликацијата и овозможуваат бесплатно повикување на активни контакти од листата на пријатели. Надоградбата оди бавно, бидејќи очигледно се уште не е се „легнато на свое место“, но е добро да се знае дека и „WhatsApp“ ќе понуди бесплатна опција на повикување, и тоа веројатно за Андроид, iOS и Windows Phone, односно Windows 10 корисници.
„WhatsApp“ повиците уште не ги најави официјално, а оваа функција доаѓа после активацијата на „WhatsApp“ за веб и роаминг „WhatsApp“ СИМ картички.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




