17 Мај, 2024
0.0280

НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Дали има буџетски проблем?

Објавено во: Финансии 04 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Новото задолжување од 21 милион евра практично се случи во пресрет на денешното раздолжување, кога Владата по основ на доспеани записи, на кредиторите треба да им врати скоро 45 милиони евра. Според дел од економситите, станува збор за интервентно задолжување со кое треба да се обезбедат дел од парите за денешното задолжување . “Според мене, вчерашното задолжување е интервентно задолжување и тоа покажува дека нема ликвидност во буџетот, односно или дека приходите се мали или дека расходите се големи. Денеска Владата не можела да обезбеди пари за да ги врати доспеаните долгови, па вчера се задолжила. Можно е е друго сценарио, односно дека Владата се задолжила поарди претпазливост, односно ликвидносната состојба да е на граница, па се обезбедиле пари поради претпазливост, но сепак и тука причината е ликвидносната состојба на буџетот“, смета универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски. Денеска по основ на доспеани долгови, Владата на домашните кредтори, главно банките и осигурителните комапнии, треба да им врати скоро 45 милиони евра. За овој месец се најавени уште два аукциски денови за задолжување, со што ќе се затвори и првиот кавртал од годинава. Пред два дена, по објавување на разговорите повразни со буџетските трошења од страна на опозицијата, првиот финансиер Зоран Ставрески изјави дека буџетот е во добра ликвидносна кондиција и дека Македонија е далеку од должничкото сценарио на Грција. “Македонските граѓани 8-9 години слушаат за крах на македонската економија, за тоа дека ќе нема пари за пензии, за плати, ќе нема пари за инфраструктура. Ние секоја година сме сведоци дека пензиите се исплаќаат првата недела во месецот, така никогаш не било претходно, дека платите и социјалната помош се исплаќаат најредовно, дека има зголемување на платите и социјалната помош, дека субвенциите за земјоделството се исплаќаат најредовно и секоја година има износ кој никогаш претходно не го имало од 150 милиони евра. Дека се градат во исто време најголем број на инфраструктурни проекти колку што вкупно за 20 години не се изградиле во Македонија, од автопатишта до регионални патишта.“, изјави министерот за финансии Ставрески. Според најновите податоци од Министерството за финанасии, во јануари буџетските приходи изнесувале 171 милион евра, на расходната страна се потрошиле скоро 207 милиони евра. Буџетскиот дефицит во првиот месец од годинава изнесувал 35,8 милиони евра. Има ли терен за нови задолжувања? Одлуката на Владата предвреме да го врати кредитот за препазливост, што го зема од ММФ во 2011 та година, непосредно пред предвремените парламентарни избори, ја подели економската јавност. Според дел од економистите, оваа одлука на Владата позитивно ќе се одрази врз финансиската позиција на Македонија. Други пак сметаат дека потегот е поплулистички. “Ова е продолжување на парадите, на пропагандата. Потегот нема суштина. Тие пари веќе наскоро ќе мораше да се вратат, тоа е обврска кон ММФ.. Сетам дека со ова предвремено раздолжување владата сака да подготви терен од можни забалешки во однос на финаиската кондиција, но секако и да направи терен за некои идни задолжувања“, вели поранешниот гувернер Петар Гошев. Од друга страна, универзитетскиот професор Томе Неновски смета дека со предвремената отплата на долгот, Македонија ја подобрува својата позиција и прецепција пред странските инвеститори. „ММФ ќе има позитивен пристап зашто вообичаено ги следи движењето на девизните резерви и наплатно-билансната состојба на државата, ги има секогаш предвид. И тогаш кога одобрува некакви аранжмани, знае какви се билансната состојба и динамиката на девизните резерви“, објаснува професорот Неновски. Предвремената одплата на кредитот беше позитивно оценета и од ММФ. “Ја поздравувам одлуката на Македонија за предвремено враќање на заостанатите обврски кон фондот, што го покажува подобрениот пристап на земјата до меѓународните пазари на капитал. со нетрпение очекуваме продолжување на блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти, изјави директорката на ММФ Кристин Лагард. Заклучно со декември, вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.

Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот