Добивај вести на Viber
Со повеќе од 101 милиони евра се задолжи денеска државата преку три аукции на државни записи, со рок на достасување од шест месеци, односно една година и една аукција на државни обрзници со рок на достасување од пет години.
Владата планираше да се задолжи со 99 милиони евра, а според календарот на Министерството за финансии, веќе утре државата во стопанството ќе треба да врати околу 113 милиони евра.
Пред точно една недела, наместо првично планираните 30,5 милиони евра, државата се задолжи со 46,4 милиони евра кај домашните кредитори, а се раздолжи кај приватниот сектор со 32,5 милиони евра. Остатокот од парите остануваат за финансирање на други потреби.
Според последните податоци на Министерството на финансии, заклучно со март, нивото на задолженост на Централната влада се искачи на 35,7 % од бруто домашниот производ и изнесува 2 милијарди 849 милиони евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.