Добивај вести на Viber
Владата го реализираше новото најавено задолжување на домашен терен. Министерството за финансии, преку две државни аукции, од банките и клиентите прибра 11,9 милиони евра.
Издадени се двегодишни обрзници за сума од 9,9 милиони евра и петгодишни обрзници за сума од 2 милиони евра.
„Побарувачката за 2 годишните државни обврзници изнесуваше 9,9 милиони евра, а реализацијата изнесуваше 9,9 милиони евра. Во сопственичката структура на 2 годишните државни обврзници без девизна клаузула банките учествуваат со 98,85%, додека клиентите со 1,15%“, информираат од Министерството за финансии.
Датумот на достасување на двегодишните државни обрзници е 27 март 2016 година.
Во однос на купувањето на петгодишната државна обврзница чиј рок на доспевање е 27 март 2019 година, според информацијата од Министерството за финансии, банките немаат удел во купувањето на оваа обрзница.
„Побарувачката за 5 годишни државни обврзници изнесуваше 2 милиони евра, а реализацијата изнесуваше 2 милиони евра. Во сопственичката структура на 5 годишни државни обврзници со девизна клаузула банките учествуваат со 0%, додека клиентите со 100%“, пишува во информацијата на Министерството за финансии.
Инаку, според календарот на Министерството за финансии, во скоро време нема најавено раздолжување на државата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.