19 Декември, 2025
0.0458

Ново значајно откритие на „Алкалоид“ пред светската научна јавност

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2014 13:57

Добивај вести на Viber

Истражувачкиот тим на „Алкалоид“ во директна соработка со престижниот  Макс Планк Институт од Штутгарт и Институтот за хемија при ПМФ Скопје, за прв пат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението кодеин фосфат сесквихидрат, супстанца која зазема значајно место во фармацевтската индустрија и се употребува повеќе од половина век. Познавањето на кристалната структура на секое фармацевтски-активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичко-хемиски својства. Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во едно од трите најреномирани научни списанија во областа на хемијата на светско ниво - “Chemical Communications“. Резултатите се публикувани во вид на оригинален научен труд под наслов “On the hydrates of codeine phosphate: The remarkable influence of hydrogen bonding on the crystal size“. Главниот експеримент беше изведен во Институтот Макс Планк во Штутгарт, од страна на м-р Томче Рунчевски, научен соработник на „Алкалоид“. Овој исклучително значаен научен предизвик, чии резултати се плод на тригодишна континуирана систематска студија, претставува огромен успех за „Алкалоид“ како македонска компанија, но и за целокупната домашна и светска научна јавност. Компанијата и во иднина ќе продолжи да ги поддржува проектите од овој тип, кои придонесуваат за дополнителна афирмација на Република Македонија во светот. Пред неполна година, истражувачкиот тим на „Алкалоид“, по иницијатива на д-р Ѓорѓи Петрушевски, за прв пат пред научната јавност ја презентираше кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат, во соработка со две научно-истражувачки лаборатории.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција