19 Декември, 2025
0.0554

Новогодишни пакетчиња и училишен прибор за над 700 деца низ цела Македонија

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2014 14:52

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија и Црвениот Крст почнаа да ја реализираат новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“ во која обезбедија новогодишна претстава и подароци за над 700 деца низ цела Македонија. Децата од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од повеќе градови низ земјава ќе имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, фотографирања со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња со училишен прибор: ранци и слатко изненадување. Акцијата почна од Скопје со детската претстава во Театарот за деца и младинци и доделувањето на новогодишни пакетчиња за децата од дневниот центар за деца од улица, дневниот центар за целебрална парализа и од центарот за поддршка на ранливи категории деца од населба Ченто. Новогодишните пакетчиња на децата им ги поделија менаџерката за комуникации на ЕВН Македонија, Ленче Карпузовска и претседателката на Црвениот Крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска. „Божиќните и новогодишните празници се време кога се прославува радоста, семејството, новиот почеток во новата година. На овие празници најмногу и најискрено им се радуваат децата. Затоа ЕВН Македонија и оваа година заедно со Црвениот Крст ќе допре до срцата на сите деца низ земјава на кои им е потребно внимание и подршка. На овој начин ја продолжуваме и ја продлабочуваме соработката и сакаме да покажеме дека како компанија се грижиме за нашите најранливи категории”, рече Карпузовска. Претседателката на Црвениот Крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска оцени дека ЕВН е вистинскиот партнер кој секогаш знаел да ја оцени вистинската идеја и да даде поддршка на проектите на Црвениот Крст. Хуманитарната акција на ЕВН Македонија и Црвениот крст ќе трае до 26 декември, почна во Скопје, а ќе продолжи низ цела Македонија.  

Можеби ќе ве интересира

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација