Новото раководство на КХВ ги утврди приоритетите за пазарот на хартии од вредност
Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2013 10:49
Новиот состав на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја одржа првата конститутивна седница. Нов претседател на Комисијата е Елизабета Чингаровска, а членови се Милаим Ајдини, Михаил Петковски, Александар Стојков и Сејдија Фазлиоски.
Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска и комисионерот Милаим Ајдини се професионално ангажирани, а останатите тројца функцијата ќе ја извршуваат како надворешни комисионери, соопшти Комисијата за хартии од вредност.
На седницата, одржана вчера беа утврдени главните приоритети за работењето на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во текот на 2013 година.
- КХВ ќе продолжи активно да ја извршува својата функција на супервизорски и регулаторен орган на пазарот на хартии од вредност, како од аспект на унапредување на регулативата, така и од аспект на контрола на сите учесници во работењето со долгорочни хартии од вредност во земјава, ќе продолжи да ја промовира транспарентноста како модел на работење и да го усовршува системот на комуникација со јавноста и со учесниците на пазарот на хартии од вредност, засилено ќе се посвети на едукација на издавачите на хартии од вредност и на потенцијалните инвеститори, што е во корелација со реализирање на краткорочните и на долгорочните цели на КХВ, стои во соопштението.
Од Комисијата сметаат дека преку едукацијата на пошироката јавност за правилно инвестирање на средствата се очекува да се придонесе за стабилност на финансискиот систем и да се помогне да се ублажат негативните последици од глобалните финансиски кризи врз македонскиот пазар на хартии од вредност. - Едуцираните инвеститори со знаења од областа на пазарот на хартии од вредност може да придонесат за дополнителна ликвидност на пазарот, кој претставува еден од начините за финансирање на акционерските друштва, се наведува во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





