21 Јануари, 2025
0.1585

НУЛА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА

Говорот на омраза се шири од устите на политичарите, граѓани преиспитајте си ги вредностите!

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Говорот на омраза стана речиси неминовен во последните обраќања на дел од политичарите во земјава.

Додека едни повикуваат на мир и сплотеност, други продолжуваат да го шират мирисот на омраза сеејќи го меѓу граѓаните кои заслепени не се свесни на што алудираат нивните идоли.

Последен во низата, откако екс премиерот во изборната кампања на еден митинг се наврати во минатото и се потсети на Ќосето ... синоќешниот говор на пратеникот Амди Бајрам на кој Ромите му довериле да ги штити нивните интереси пропагира и сее омраза.

„Додека е Никола нема да пропаднеме и не ја даваме државата. На Заев многу блиску ќе му биде погребот, многу бргу ќе му дојде“, рече Амди кој продолжувајќи ја реченицата како некоја гатачка рече дека вечниот ривал на власта ќе добие инфаркт на кардиологија и дека ќе му палат свеќи на гробишта.


Говорот на омраза синоќа излезе и од устата на Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска.

Таа пред насобраната маса настапи со заканувачки говор на омраза и со хушкачка реторика велејќи дека собирот пред ДИК е „вечер на ножевите“.

,,Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев. ВМРО- ДПМНЕ никогаш не бил против албанскиот народ. Не заборавајте дека и за Бајрам и за Бадник доаѓаат и честитаат. Зоран Заев, се дрзнеш ли со ВМРО -ДПМНЕ ќе добиете народ ќе добиете Македонија. Домот ќе ни биде пред ДИК, со шатори…
Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме елате браќа и сестри да се собереме и тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион. Да знае и Чичаковски и Дума оваа вечер со два куршума ги убиваат и Гоце и Ченто“ изјави Божиновска.

Што значи нејзината порака за „Ноќта на долгите ножеви“?

Нејзината алузија на ноќта на долгите е ножеви е застрашувачка и опасна. Иако тие што протестираат веројатно не ја знаат нејзината инспирација за ножевите, ја знаат нивните наредбодавачи.

Ноќта на долгите ножеви (германски: Nacht der langen Messer) или „Операција Колибри“ е операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини. Повеќето од убиените биле членови на „СА“, нацистичка паравоена организација. Адолф Хитлер тргнал против СА и нејзиниот водач Ернст Рем, бидејќи независноста и растечката моќ на СА, тој ја гледал како закана за неговата моќ. Хитлер исто така сакал да ја осигура поддршката од германската армија и генералите кои се плашеле од СА. Хитлер ја искористил ситуацијата и истата „ноќ“ се погрижил и некои конзервативни критичари на режимот, особено оние лојални на вицеканцеларот Франц фон Папен, да молчат засекогаш.

Најмалку осумдесет и пет луѓе биле убиени за време на чистката, иако се смета дека биле многу повеќе, и тоа неколку стотици и повеќе од илјада непријатели на режимот биле уапсени. СС нацистичка елитна гарда, и тајната полиција, Гестапо, ги извршиле повеќето убиства. Чистката ја зацврстила поддршката од армијата за Адолф Хитлер. Исто така му дала на режимот маска на легалност со тоа што германските судови „дозволиле“ убиства надвор од судниците, наместо традиционалните легални гонења, за да ја покажат својата лојалност кон режимот.

Името „Ноќ на долгите ножеви“ е позајмено и се однесува на масакрот врз луѓето на Вортигерн (Vortigern) од страна на Енгл (Angle), Јут (Jute) и саксонски платеници во еден од митовите за кралот Артур. Самата фраза „Ноќ на долгите ножеви“ на германски го предвидува масакрот и пред да биде поврзана со чистката општо била поврзана со насилство и одмазда.

Политичарите да се воздржуваат

Политичарите кај нас, одамна заборавија дека тие не се само агенси на собирање на политички поени, туку и фактор на политичка социјализација.

Популацијата го емитира однесување на литодерите и преку нив се идентификува со одреден модел на политичко однесување. Ако лидерите повикуваат на агресија или даваат непримерни квалификации, зошто тогаш, кој било би се воздржувал од ваква комуникација?

Како што поминува времето и неизвесноста од ДИК и изборниот процес водат кон зголемување на ваквата реторика

Политичарите и другите јавни личности имаат поголема одговорност, бидејќи тие поседуваат многу пошироки можности за ширење на предрасудите против одредена група. Уште повеќе последиците од политичкиот говор се поголеми, бидејќи политичарите се во позиција на авторитети: оттука, говорот на омраза врз потенцијалните навредувачи кои се чувствуваат охрабрени во нивната нетолеранција и поделеност. Во некои земји е усвоено дека кривичната одговорност е поголема доколку авторот на говорот на омраза има некаква јавна функција.

Оттаму и препораката дека политичарите како дел од својата одговорност треба јавно да ги осудуваат своите колеги кога употребуваа нетолеранција, агресија или чист говор на омраза.

Затоа е неопходно да се зборува за ова на политичко ниво: доколку политичарите не зборуваат против говорот на помраза на своите колеги, молчењето може да биде интерпретирано како одобрување. Исто така е важно да се помовира клима каде различностите се вредности. Ние мора да негуваме политичка култура во Европа, таква што овие прашања и изјави ќе ги адресираме многу појасно. Како што постојано повторува Судот за човекови права, „различноста не смее да се третира како опасност, туку како извор за збогатување“, се вели во заклучоците од Конференцијата на СЕ, посветен токму на говорот на омраза во политичкиот говор.

Говорот на омраза е општо зло против кое се бори цивилизираниот свет, бидејќи една од причините за толку масовни заблуди и страдања во двете големи војни во 20-тиот век се должат токму на предрасудите предизвикани од говорот на омраза, кој, пак, главно се шири преку медиумите, а особено преку новите медиуми и преку развојот на интернетот.

Говорот на омраза е кривично дело во Република Македонија

Од февруари 2014 во Република Македонија стапија во сила нови законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа.

Со измените на Кривичниот законик кои Собранието по итна постапка ги усвои на почетокот на 2014 година и стапија во сила во средината на февруари (осум дена по нивното објавување во Службен весник на Р. Македонија, бр. 27 од 05.02.2014 година) членот 319 сега гласи:

Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост
врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа

(1) Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките, верските и други симболи, со палење, уништување или на друг начин оштетување на знаме на Република Македонија или знамиња на други држави, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг дискриминаторен начин, непосредно или посредно, ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Тој којшто делото од ставот (1) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Со овој член е предвидена казна со затвор од една до пет години, за секој кој ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост, врз некоја дискриминаторска основа.

По измените на Кривичниот законик, членот 394-г гласи:

Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.

(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Овие законски измени беа донесени во итна постапка, без претходен консултативен процес со сите чинители.

A до граѓаните, кои ете намерно или ненамерно, свесно или несвесно поддржуваат таква реторика и сакаат политичари кои на ваков начин ќе ја внесат земјава во Европа, ќе им донесат подобар живот, повеќе вработувања, поголеми поголеми плати, ќе им пратам порака да го стават прстот на чело и да се запрашаат: Дали вреди очи да си вадат, додека некој на нивна мака и грб удобно си седи во фотеља и си ужива? Зарем сакате да живеете гледајќи се со првиот сосед, брат, сестра, како најголем непријател, само затоа што тој е симпатизер на другата партија?

Време е човештвото во оваа земја да се преиспита какви вредности поддржува и на кое дереџе падна ...

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски