Добивај вести на Viber
-Она со што сите се согласуваме е дека Грција за да се справи со предизвиците со кои се соочува, не и треба само штедење. Важно е да се фокусира на економскиот раст и создавање на нови работни места. Од искуство знаеме дека кога има работа, луѓето се справуваат подобро со економскиот товар“, ова го изјавил американскиот претседател Барак Обама откако одржа разговор со грчкиот премиер Андонис Самарас, пренесе АФП.
Претседателот на САД исто така истакнал дека Самарас има намера да преземе жестоки мерки коишто се неопходни, но, исто така, да обезбеди грчкиот народ ја види светлината на крајот од тунелот".
Обама во четвртокот во Белата куќа го прими грчкиот премиер кој од амерканскиот претседател побара поддршка за справување од економската криза во која веќе подолг период се наоѓа неговата земја.