18 Мај, 2024
0.0325

Обединетите нации со пет приоритети за следните пет години

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Програма во вредност од 120,9 милиони долари за зголемување на вработеноста, социјална инклузија, добро владеење, одржлива животна средина и родова еднаквост.

Новата страгегија на Обединетите нации за 2016-2020 “Партнерство за одржлив развој”, беше потпишана денес од Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и Министерот за надворешни работи Никола Попоски и Постојаниот координатор на Обединетите нации Луиза Винтон, во присуство на стотици претставници од владините институции, граѓанското општество и меѓународната заедница.

Целта на оваа стратегија, за чие спроведување се предвидени средства во износ од 120,9 милиони УСД, е да промовира рамномерен и одржлив развој и да ја поддржи интеграцијата на земјата во Европската унија.

Договорени се пет приоритетни области за соработка:

·  Вработување

·  Добро владеење

·  Социјална вклученост

·  Одржливост на животна средина

·  Родова еднаквост

“Повеќе и поквалитетни работни места, добро владеење, подобри животи за најранливите граѓани, родова еднаквост и почиста, позелена и поотпорна животна средина се нашите стратешки приоритети за наредните пет години”, изјави Постојаниот координатор на Обединетите нации, Луиза Винтон. “Семејството на Обединитети нации ќе продолжи да работи со партнерите во владините институции, граѓанското општество и меѓународната заедница за да се осигураме дека во духот на Целите за одржлив развој, ниту еден граѓанин нема да биде запоставен”.

“Зголемување на вработеноста, доброто владеење и професионализмот на институциите, поголема социјална вклученост и поголема згриженост за најранливите категории на граѓани и чиста и одржлива животна средина се областите кои придонесуваат за подобар живот на населението и просперитет на земјата. Подобрувањето во овие области исто така ќе биде од значење за нашата интеграција во евро-атлантските структури”, изјави Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и Министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој исто така нагласи дека денешното потпишување на стратегијата со Постојаниот координатор на Обединетите нации претставува продолжување на заедничките активности кои што Владата ги смета како приоритетни во национални рамки за наредните пет години.

Новата стратегија е развиена во консултации со националните партнери. Ги усогласува активностите на Обединетите нации со Одржливите цели за развој на глобално ниво и со членство во Европската унија на регионално ниво. Исто така поддржува бројни национални стратегии и акциони планови во повеќе сектори. Владата ја усвои новата стратегија на Обединетите нации на 26 октомври 2016. Со започнување на новата програма, семејството на Обединетите нации во земјата ќе го усвои пристапот “Остваруваме како еден” за да обезбедат постратешко заедничко планирање и програмирање.  Со овој пристап ќе се осигура дека 10 агенции коишто имаат канцеларии во земјата и уште осум агенции кои имаат регионални или глобални центри – работат во координирано партнерство кон остварување на целите кои што се договорени  во новата стратегија. Присуството на Обединетите нации е значително: 10 агенции кои што имаат канцеларии во земјата вработуваат вкупно 221 лице.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата