04 Јануари, 2025
0.0255

ОБЕЗБЕДЕНА НАФТА ЗА ЈСП, ДО КРАЈ НА ДЕНОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА АВТОБУСИ - продолжен мандатот на директорот

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во Градот Скопје попладнево сообраќаат само четириесетина автобуси на ЈСП Скопје, но до крајот на денот се очекува нивниот број да се зголеми бидејќи се очекува фирмата „Пуцко Петрол“ да достави нафта до претпријатието. Претпладнево му е продолжен мандатот на в.д. директорот Драги Кушевски, кој ги информирам вработените дека нафта ќе има. 

Според информациите од таму, во претпријатието треба да пристигнат 40 тони нафта кои ќе бидат доволни до божикните празници. 

Миќо Стојановски, синдикален претставник на ЈСП - Скопје изјави дека е точно оти синоќа било реагирано и дека биле повлечени одреден број автобуси на градското претријатие за да се заштеди на нафта и утрово да бидат повторно ставени во сообраќај за да ги превезат скопјани до нивните работните места и низ градот.

- Извршивме еден вид притисок и имаме информација дека нафта ќе пристигне за неколку часови - изјави тој.

Потврди и дека пред околу два часа му бил продолжен мандатот на в. д. директорот Кушевски. 

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, пак, за Телма ги негираше проблемите во ЈСП.

- Состојбата е редовна како и деновиве. Нафта има за автобусите на ЈСП согласно договорот кој е склучен за интервентна набавка на еуродизел поради што јавниот превоз функционира редовно и согласно плановите. 

На директорот Драги Кушевски му е продолжен В.Д. мандатот откако му истече првиот 6-месечен мандат и потпишав решение за ново назначување. Не знам зошто се шират неточни наводи, но можеби некој сака да сокрие нов скандал или непријатни информации - рече Арсовска. 

ЈСП склучи договор со „Пуцко петрол“ за интервентна јавна набавка на еуродизел на почетокот на месецов, а тендерот во вредност од околу два милиони евра е со важност од три месеци.

Повторното повлекување на автобусите на ЈСП Скопје во гаражите, според премиерот Христијан Мицкоски, не е поврзано со немање нафта туку проблемот е административен. 

Апелираше до раководствата на ЈСП и на Град Скопје да ги надминат, како што кажа, меѓусебните насогласувања за да можат скопјани да го користат јавниот превоз.  

- ЈОд тоа кое што можам да го добијам како информација е дека раководството на Јавното сообраќајно претпријатие не доаѓа на работа. Административен е проблемот, не е проблемот дека нема количини на нафта туку дека е административен проблемот. И апелирам и до раководството на ЈСП и до раководството на Градот Скопје да ги надминат меѓусебните несогласувања за да можат скопјани да го користат јавниот превоз, бидејќи овде не станува збор за, колку што јас сум инфомиран, за недостаток на количини на нафта туку едноставно нешто друго е проблемот. 

Дали не е потпишан договор, дали нешто друго...нека се именува ново лице, или пак нека направат нешто затоа што ова веќе ги поминува сите граници на едно однесување кое не треба вака да се слулува - изјави денеска премиерот Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПОЛОШО: Скопје стана најзагаден град во светот

УШТЕ ПОЛОШО: Скопје стана најзагаден град во светот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка кај Рашче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка кај Рашче

ЕКСТРЕМНО ЗАГАДЕНО: Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

ЕКСТРЕМНО ЗАГАДЕНО: Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

OJO: Обвинение за десет лица за шверц на луксузни автомобили

OJO: Обвинение за десет лица за шверц на луксузни автомобили

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ: Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолго време

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ: Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолго време

ЦУК: Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче

ЦУК: Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче

ДРОНОВИ ТРАГААТ ПО ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ: При излетување на возилото кај Рашче загинаа три лица

ДРОНОВИ ТРАГААТ ПО ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ: При излетување на возилото кај Рашче загинаа три лица

ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ, ВО ПРЕКИН Е СООБРАЌАЈОТ НА ОБИКОЛНИЦА СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: Во близина на Башино село

ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ, ВО ПРЕКИН Е СООБРАЌАЈОТ НА ОБИКОЛНИЦА СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: Во близина на Башино село

СИ ГО УБИЛ 39-ГОДИШНИОТ СИН СО ЛОВЕЧКА ПУШКА КОЈА ЈА ПОСЕДУВАЛ СО ДОЗВОЛА - потоа седел во станот до безживотното тело додека не ги пронашле

СИ ГО УБИЛ 39-ГОДИШНИОТ СИН СО ЛОВЕЧКА ПУШКА КОЈА ЈА ПОСЕДУВАЛ СО ДОЗВОЛА - потоа седел во станот до безживотното тело додека не ги пронашле