ОБИД ДА СЕ СВРТИ ВНИМАНИЕ: Кој и зошто го демолираше Музејот на албанската азбука во Битола?
Објавено во: Македонија 07 Март, 2017 15:05
Македонија падна во институционална криза, а тензиите и нетрпеливоста од политичката ситуација земаат замав.
Денеска е со молотови коктели е нападнат Музејот на албанската азбука во Битола.
Епилогот од демолираниот музеј е оштетена фасада, влезната врата и еден прозорец .
Напаѓачите не се познати а институциите и партиите веднаш реагираа со осуди за овој инцидент.
И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги осудија напаѓачите, а со реакција се јави и Министерството за култура.
Од СДСМ сметаат дека овој напад е дело на партијата на Груевски.
Од кабинетот на Заев очекуваат дека надлежните веднаш ќе го расчистат случајот а меѓудругото предупредија дека насилството и омразата поттикнати од Никола Груевски а поддржани од шефот на државата водат до штетни и опасни последици за граѓаните.
Од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека овој инцидент мора се осуди со цел да се спречи злоупотреба за партиски и политички цели. Партијата на Груевски е убедена дека овој напад на Музејот е со цел да се сврти вниманието на јавноста од актуелните политички проблеми кои ја тресат земјава.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




