16 Декември, 2025
0.0550

Објавен конкурсот за стипендирани обуки за студенти во Грац

Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2015 13:02

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банкa го објави конкурсот за студенти и дипломци „Најдобрите од Југоистокот“ кој веќе традиционално се реализира во Македонија. Студентите и дипломците ќе имаат можност да добијат една од наградите кои им овозможуваат обука и пракса на Универзитетот Карл Франценс и Универзитетот за технологии во Грац, како и стипендија за Универзитетот за музика и применета уметност во соработка со Операта во Грац, Австрија. Најдобрите кандидати од областа на економските, правните и техничките науки ќе имаат можност за обука и пракса во европската реномирана банкарска групација Штаермеркише Шпаркасе, а по завршување на програмата и локално во Шпаркасе Банка Македонија. ‘‘Програмата е од огромно значење за развојот на младите и талентирани студенти овозможувајќи им непроценливо искуство за нивен понатамошен влез во деловниот свет. Стекнатото искуство и надградба на знаењето во нашата банка во Австрија, како и на Универзитетите во Грац, се одлична препорака за почеток на нивната кариера во Македонија. Долгорочно гледано, проектот придонесува и за развојот на македонскиот финансиски сектор, бидејќи овие млади луѓе своето знаење ќе го применуваат во својата работа и ќе го споделуваат стекнатото искуство‘, изјави Глигор Бишев, претстедател на УО на Шпаркасе Банка Македонија. Програмата ‘‘Најдобрите од Југоистокот‘‘ ја реализира Шпаркасе Банка во соработка со економските, правните и техничките факултети при Универзитетот ‘‘Св. Кирил и Методиј‘‘- Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, а од оваа година се вклучува и Универзитетот ‘‘Гоце Делчев‘‘ од Штип. Прв пат годинава проектот се промовира и пред студентите на факултетите за музичка уметност во Македонија. Право на пријавување имаат сите студенти и дипломоци на економски, правни и електротехнички науки како и студентите на музичка уметност кои ги исполнуваат критериумите за учество. Повеќе информации околу начинот и правилата за учество заинтересираните можат да најдат на веб страната на Шпаркасе Банка, како и на факултетите дел од оваа програма. Проектот ‘‘Најдобрите од Југоисток‘‘ е еден од повеќето успешни проекти кои Шпаркасе Банка Македонија ги реализира во континуитет и во рамките на својата стратегија за општествена одговорност. Преку овие проекти, Банката ја покажува својата определба да биде активен учесник во развојот и унапредувањето на различни сегменти на општеството.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“