19 Декември, 2025
0.0467

Објавена програмата од УКИМ по повод денови на рускиот јазик и култура

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2021 12:57

Добивај вести на Viber

Од среда почнува културната програма по повод деновите на рускиот јазик. УКИМ ја претстави својата богата програма

Од 22 септември до 30 октомври 2021 година во Република Северна Македонија ќе се одржат Деновите на руски јазик и култура. Настанот се реализира на иницијатива на Руски центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Русија во С.Македонија и компанијата „Лукоил Македонија“, а се финансира од страна на Фондацијата „Руски Мир“. 

На 22 септември со концерт на руска класична музика во Музејот на македонската борба ќе се одржи свеченото отворање. На концертот ќе учествуваат еминентни македонски музичари: Ана Кондратенко, Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска, Марија Вршкова, а ќе се изведат дела на С.М. Рахманинов, П.И.Чајковски и Д.Д.Шостакович.

На 23 септември љубителите на руската кинематографија се покануваат во Кинотека на С. Македонија да го погледнат воениот филм на рускиот режисер Андреј Богатирјов „Црвениот призрак“ со превод на македонски јазик.

На 25 септември за сите што ја сакаат руската култура, историја и јазик Рускиот центар организира квиз „Колку добро ја познаваш Русија?“. Квизот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ (Скопје), а победниците ќе добијат интересни награди со руска симболика.

Од 26 до 28 септември во Рускиот центар ќе се одржи III Меѓународна конференција „Руски јазик, литература и култура: минато, сегашно и иднина“. Во конференцијата ќе земат учество околу 60 учесници од 10 земји. Покрај различни научни секции, ќе има посебна секција посветена на 200-та годишнина на големиот руски писател Ф. М. Достоевски.

На 29 септември ќе се одржи отворена трибина на тема „Превод и издавање на руската литература“ на која ќе има можност да се разговара со уредници на познати македонски издавачки куќи. Тие ќе раскажат за местото на руската книжевност во нивните издавачки програми, а исто така за застапеноста на класичната и современата руска литература во македонската издавачка сфера. Трибината ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“.

Месецот октомври 2021 ќе биде посветен на посета на училишта каде се изучува рускиот јазик во Македонија. За учениците ќе се одржат кратки предавање за Русија, руската култура и литература, а на библиотеките на училиштата ќе им бидат подарени книги на руски автори во превод на македонски.

Влезот на сите настани е бесплатен. За влез е потребен сертификат за вакцинација или за прележан COVID-19. Поради ограничен број места, задолжително е пријавувањето на ruskicentar@ukim.edu.mk.


Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата