05 Декември, 2025
0.0450

ОБОРЕНИ РЕКОРДИ 2015: Стопанска постави високи стандарди во банкарското работење!

Објавено во: Финансии 05 Јануари, 2016 08:10

Добивај вести на Viber

И во година кога бизнисот беше во заложништво на неизвесноста од политичка криза, Народната банка со зголемена внимателност ги следеше состојбите а компаниите се воздржуваат од сериозни инвестиции, Стопанска Банка не само што успеа да оставри позитивни финансиски резултати, туку и прикажа рекордна добивка. Според билансот на успех, во периодот од јануари до септември, банката имаше добивка од скоро 26 милиони евра. Според директорот Тони Стојановски, успешните политики се очекува да продолжат и во оваа 2016 година, а особено ќе биде таргетирано кредитирањето на компаниите. Повеќе кредити за фирмите... Стопанска Банка, која е во доминантна сопственост на грчката Национална Банка, во година што измина, исполнета со политички и економски турбуленции, успеа да го задржи едно од лидерските места во “големата банкарска четворка“. Банката испорача позитивни финансиски резултати кои во односно на изминатите години се сметаат дека се на рекордно најдобро ниво. Во 2015 година Стопанска Банка регистрираше континиран раст на депозитната база и кредитирањето. Според менаџментот на банката, во тековната 2016 година таргет ќе биде кредитирањето на компаниите. Toni Stojanovski foto“Очекуваме дека успешната 2015 година ќе се повтори и во 2016 година и покрај неизвесноста што ја носи политичката криза. Банката е на историски највисоко ниво на капитална и финансиска позиција. Предизвик за нас како една од водечките банки ќе биде во рамките на кредитниот раст, учеството на кредитирањето на компаниите да се избалансира во однос на кредитирањето на населението, секако следејќи ги сигналите на Народната Банка. Тоа значи дека во рамките на проектираниот кредитен раст од 7% до 8%, кредитирањето на компаниите да учествува речиси со ист удел, односно да се изденачи со кредитирањето на населението“, вели за “Фактор“ Тони Стојановски, директор на Стопанска Банка. Позитивни финансиски резултати – рекордна добивка... Само за периодот јули-септември добивката на банката пораснала за 500 милиони денари во споредба со крајот на јуни Една од најголемите деловни банки во земјава „Стопанска банка Скопје“ за периодот јули-септември има приход од камати кој достигна 1,11 милијарди денари (односно 18 милиони евра), а за првите девет месеци приходите од камати достогнаа 3,39 милијарди денари. Ова е одличен резултат на банката која убедливо најдобро пласира кај граѓанскиот сектор, согласни се финансиските аналитичари. Според многумина споредбите на податоците кај најголемите банки покажуваат дека и покрај падот на каматните стапки банките остваруваат супер резултати благодарејќи на поголемото намалување на стапките на каматите на депозитите. Според најновиот биланс на успех „Стопанска банка“ има добивка од 25,97 милиони евра (околу 1,6 милијарди денари) за првите девет месеци годинава што претставува уште еден одличен резултат на оваа банка и најдобар досега за три квартали. Во споредба со истиот период лани банката сега има добивка што е повисока за 254 милиони денари. Најсилен впечаток сепак билансот на успех остава за последниве три месеци. Добивката на крајот на септември е 1,6 милијарди денари, а е повисока за 500 милиони денари во споредба со профитот на крајот на јуни кога износот бил 1,1 милијарда денари. Одличната добивка се должи во најголема мерка на солидните приходи од камати и тие на крајот на септември изнесуваат 3,39 милијарди денари и се пониски во споредба со приходите од камати за истиот период лани. Но клучот на успехот е во тоа што расходите за камати на банката во многу поголема мерка се намалени во споредба со каматите за истиот даден период. Така расходите за камати на банката во истиот период лани биле 1,18 милијарди денари, а сега се 875 милиони денари односно се пониски за 430 милиони денари. Кај втората приходна ставка надоместоците и провизиите банката исто така успеала да се одржи на речиси исто ниво. Нето приходите од овие дејности сега се 702 милиони денари, а лани во истиот период биле 732 милиони денари. На расходната страна најголема расходна ставка е кумулативот со назив остананит расходи од дејноста во кој се книжени 756,2 милиони денари и таа е пониска за педесетина милиони денари од лани. Втора по големи ставка се трошоците за вработените и изнесува 578,2 милиони денари и во споредба со лани е повисока за триесетина милиони денари. Резервациите на средства за лоши пласмани се на речиси исто ниво како и лани и изнесуваат 425,7 милиони денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката